Реклама
Вирално

БУЈНАТА МИКИ ШТО УКРАДЕ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИ ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Парите останаа кај нејзиното момче

Мики е осудена, парите ги нема

Реклама

Атрактивната русокоса Мирнеса С. од Босна и Херцеговина за кражбата од милион евра ја направи заедно со уште двајца мажи е осудена на три години затвор во Штутгарт.

Како што изјави за германските медиуми нејзиниот адвокат, Маркус Околисан, тие се задоволни од пресудата.

Мирнеса добила помала пресуда затоа што самата се предала, го признала делото и затоа добила дупло помала казна.

Маркетинг

Фото: Фејсбул/ Блу Ворлд Институт

Потсетуваме, Мирнеса С (42) од Бусовача заедно со момчето Роберт С. (29) минатата година украде повеќе од милион евра од германската компанија во која што беше вработена. Како што пишуваат германските медиуми, Мирнеса на крај самата се предала во полицијата, додека нејзиното момче се уште е во бекство.

Маркетинг

Тие испланирале голема кражба и украле 1.25 милиони евра од компанијата за превоз на пари „Просегур“, каде Мирнеса била вработена.

Фото: Фејсбул/ Блу Ворлд Институт

Таа на ден 14 септември 2022 година отишла на работа и околу 15 часот без никој да ја забележи во кутија ставила голема сума на пари. Надвор во Мерцедес ја чекал Роберт С. кога започнува нивното бегство како во филмовите.

Како што пишуваат германските медиуми, тие се решиле од нејзиниот телефон, а потоа биле пречекани од лицето Марко И.

Фото: Фејсбул/ Блу Ворлд Институт

Роберт на Мирнеса и дал 20.000 евра, а остатокот од парите го задржал кај себе. Потоа Мирнеса заедно со Марко и со помош на неколку шверцери заминува во Хрватска, а потоа во Србија.

Но тогаш започнуваат проблемите

Имено, новиот живот со милион евра во џебот на Мирнеса и се претворил во пекол. Роберт повеќе не сакал да има ништо со неа, а кога таа се пожалила, тој и се заканил по што Мирнеса исплашена за својот живот, избегала во Црна Гора.

Мирнеса од таму стапила во контакт преку адвокатот со германските власт и најавила дека сака да се предаде. Таа потоа слета во Штутгарт на аеродромот каде беше уапсена, а како што пренесуваат германските медиуми, додека таа е во затвор, Роберт кој се уште е недостапен за германската полиција, сам ги троши украдените пари.

Фото: Фејсбул/ Блу Ворлд Институт

Како што пишуваат медиумите, Мирнеса и Роберт се запознале во едно кафуле во Штутгарт додека и двајцата биле во друштво на пријатели.

Мирнеса спомнала дека работи во „Просегур“ и дека во набилданиот шармер ја видела својата шанса.

Фото: Фејсбул/ Блу Ворлд Институт

Кога излегле на состанок, со нив бил и пријателот на Роберт, Марко. Тие на состанокот ја прашале дали може од нејзината фирма да се украдат пари. Таа најпрво ги одбила, но Роберт не се откажувал.

Тој ѝ се додворувал, и зборувал дека сака да биде со неа и ѝ ветувал дека кога ќе ги имаат парите повеќе никогаш во животот нема да работат.

Фото: Фејсбул/ Блу Ворлд Институт

Како што пишува во обвинението, Роберт успеал за две недели да ја разубеди Мирнеса и да ја натера да го направи злочинот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button