Реклама
Холивуд

Беше светлина во нашите животи …

Реклама

Шармантниот актер Лук Пери кој сите го памтиме по улогата на Дилан од култната серијата „Беверли Хилс, 90210″, почина пред точно една недела од мозочен удар.

Неговата колешка од серијата и пријателка Шенон Доерти беше шокирана кога дознала дека нејзиниот пријател бил итно префрлен во болница поради мозочен удар.

Маркетинг

Бидејќи и самата има здравствени проблеми, Шенон сочувствуваше со омилениот заводник во познатата серија, Лук.

Маркетинг

Таа ја објави нивната заедничка фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм, под која што тогаш напиша:

„Пријателе мој, те гушкам најсилно и ти ја испраќам целата моја сила. Сигурна сум дека ти ќе го победиш тоа“ ми порача таа само три дена пред неговата смрт.

https://www.instagram.com/p/BubsonSB5ks/

 

Потоа актерката која во култната серија ја глумеше Бренда, која беше во емотивна врска со него, за „Entertainement Tonight“ изјави дека не може јавно да разговара на оваа тема, бидејќи веднаш и доаѓаат солзи на очите.

Пријателите се збогуваа со Дилан, освен …

Три дена подоцна, славниот Дилан од серијата почина поради мозочниот удар, па со потресни пораки на социјалните мрежи од него се опростија голем број луѓе, меѓу кои и неговите колеги од популарната серија.

„Вчера добив телефонски повик што ме уништи. Неописливо тешко ми е поради оваа голема загуба и имам тешки моменти во мислите. Но, моето срце е целосно со неговото семејство и пријателите кои беа благословени од неговата светлина во нивниот (и мојот) живот“, напиша Бренда на Инстаграм откако ја слушна трагичната вест.

https://www.instagram.com/p/BuokFQVgoUz/

 

Меѓутоа, единствено актерката Џени Грант не се огласи по смртта на Лук. Имено славната Кели која во серијата му беше девојка на Лук откако Бренда замина за Париз, во тишина ја објави својата прва фотографија, на која немаше ништо за Дилан, туку на неа позираа нејзините ќерки.

Откако ја споделила фотографијата стотици луѓе ја нападнаа главно осудувајќи ја бидејќи не се огласила по смртта на актерот, па кога видела колку далеку отишла целата работа, Џени се огласила.

„Здраво на сите. Одлучив денес да објавам фотографија од моите девојчиња, бидејќи тие се мојот живот. Бидејќи, денес е денот кога се слават сите жени. Долго ми требаше да посакам да славам било што. Размислував за тоа и знам дека тоа би го сакал мојот драг пријател. Неговите деца беа неговиот живот. Сите кои го познаваа го знаеја тоа, како и дека не го интересираа социјалните мрежи. Па така, би ве замолила, немојте да судите и да пишувате грозни коментари. Тоа не е кул. Искрено, Џени”, напиша актерката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button