Реклама
CelebrityTV

Бев бремена а тој ми викаше: Јелена прозборе за јавната расправија со Новак – Долго глумевме, воопшто не ни е сјајно

Не се совршени...

Реклама

Новак и Јелена Ѓоковиќ се заедно од 18-години и важат за едне од најхармоничните парови.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Новак не пропушта прилика да истакне дека неговата сопруга е нејгова најголема поддршка.

Маркетинг

Иако многумина мислат дека во нивниот брак се е мед и млеко, сепак Јелена открива дека не е се така сјајно и дека имаат брачни расправии.

Маркетинг
фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Имено, Јелена во 2017 година го снимила тренингот на Новак и го пренесувала во живо на Фејсбук. На крајот од лајвот дошло до расправија меѓу сопружниците, која случајно отишла во етерот. Новак и го одзеде телефонот на Јелена од рака, а тоа воопшто не и се допадна.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

‒ Како се однесуваш? Ти благодарам, љубов, ти благодарам! Така ли треба да кажеш – го искара Јелена, а неколку секунди подоцна сфати дека тоа е објавено.

Јелена сега објасни што се случило тој ден.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

‒ Кога луѓето ќе ми кажат дека сме совршени, веднаш велам дека не сме. Јас сум многу своја и не ми е гајле што велат луѓето околу мене. Кога јас и Новак сме заедно, навистина сме ние, и кога се караме и кога сме заљубени. Тоа е емоција која е природна и мило ми е што можеме да бидеме свои – рече Јелена во гостување на телевизијата К1 и се наврати на караницата на која добро се сеќава, а која се случи кога беше бремена.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

‒ Новак е многу автентичен. Заедно сме од 18 години и сакам да одговарам кога луѓето ми велат дека сме совршени.

Веднаш да ви кажам дека не сме. Се сеќавам кога се скаравме во јавност пред неколку години. Бев бремена и емотивна, а тој во тој момент беше груб – откри Јелена и објасни:

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

‒ Реагирав како што реагирав. После, кога размислував за тоа, се запрашав: „Боже, дали луѓето навистина мислат дека сè е мед и млеко кај нас“. Сепак, мислам дека не размислуваат, но веројатно е таква проекција – имаат успех, слава, пари, претпоставуваат дека така е подобро истакна Јелена.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Да потсетиме, тие се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.

Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.

фото инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button