Реклама
Холивуд

Баш вака делува ѓаволот – егзорцист згрозен од промоција на сатанизмот во видеото на Селин Дион

Реклама

Окултизам и ѓаволско делување зад новиот моден бренд на познатата пејачка Селин Дион!

Пејачката Селин Дион, во соработка со брендот „Nununu“ лансираше модна линија со родово-неутрални облеки за бебиња, и истите беа презентирани во добар дел со застрашувачка реклама во која Селин (преку магиски ритуали!) ги ослободува децата од традиционалните улоги на момчиња и девојчиња, им ја нуди слободата на изборот, што предизвика големи реакции во јавноста.

Маркетинг

Исто така, Дион во оваа реклама полна со окултни симболи изјавува дека децата не се наши деца, со што објави еден вид на прогон на родителите кои во иднина ќе се осмелат на своите деца да им зборуваат што се, дали се девојка или момче, машки или женски, нешто што веќе беше истакнато пророчки од големиот Орвел и неговата „1984“ .

Еден егзорцист реагираше на нејзиното видео и предупреди дека новата линија на детска облека наречена „Celinunun“ – е под дејство на сатаната. Иако некои поединци го поздравија овој концепт на размислување, огромното мнозинство го критикуваше брендот со напомена дека, освен што одат спротивно на здравиот разум, во него има и нешто што е длабоко окултното, вознемирувачко и страшно.

Маркетинг

Монсињор Џон Есеф, егзорцист во епархијата на Скрантон во сојузната американска држава Пенсилванија за медиумите вели дека родово неутрални кампањи како што е на пример оваа, па и целиот овој бренд е делување на ѓаволот, кој сака да ги уништи двата пола, машкиот и женскиот.

„Убеден сум дека оваа родова кампања која се прошири и за кој еве зборуваме и сега всушност е демонска”, рече Есеф.

„Тоа е една голема лага. Не знам колку пола би требало да бидат сега или во иднина, но Бог создал само два. Ѓаволот сака да ги збуни децата. Кога детето е родено, родот е првото нешто што ќе му го кажеме на нашето дете досега. Ќе му кажеме дека е момче или девојка. Тоа е најприродната работа на светот. Но, да се каже дека нема разлики – ова е сатанизам“ – изјави тој за „ncregister.com“.

Тој додаде дека оваа линија облека е сатанизам што погрешно ги наведува децата во неприродна состојба, односно хаос. „Ѓаволот е лажливец кој претставува лаги. Зад ова стојат големи пари и поделба на човечкото суштество – што повторно е знак на дејствувањето на ѓаволот.”

 

Егзорцистот Есеф не е единствениот кој мисли дека модниот бренд за деца „Celinununu“ е инспириран од окултното дејство на ѓаволот. Всушност, навистина и многу луѓе на „YouTube“ коментираа и разбираа дека ова е акција на Сатана. „Ќе ја гледаат милиони луѓе низ оваа реклама и бренд, и има дополнителни видео кои ја разоткриваат окултната и ѓаволската симболика во видеото, што само ни зборува тоа дека луѓето гледаат и чувствуваат дека во целата оваа идеологија за родовите постои нешто што е длабоко погрешно и зло во целта, без разлика дали се христијани или не“.

https://www.youtube.com/watch?v=6zFOuyT7EpI

 

Што мислите вие за ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button