Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Атиџе подготвена за Оскарите, со новиот имиџ ќе може да им парира на холивудските ѕвезди

Реклама

Викендов тимот на „Медена земја“ ќе замине во САД на доделувањето на Оскарите вo недела.

 

Маркетинг

По овој повод главната хероина од филмот Атиџе доби ново фризура во фризерското студио „Ив“. Воедно Атиџе доби целосно нов стајлинг од познатиот македонски бренд Астибо.Креаторкта Тања Кокев ќе ја изработи креацијата, а за Атиџе вели дека не е жена која се трансформира, туку „ние сме тие што се трансформираме додека сме во нејзино присуство и учиме од неа“.

„Медена земја“ е дело на  режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кои го снимале во текот на 3 години. Едно од највредните нешта во филмот е што покажува како се менувал нивниот поглед на тој непознат свет што го документираат.

Маркетинг

Покрај „Медена замја“ меѓу петте номинирани за најдобар документарец се и „Американска фабрика“, „Пештерата“, „Доба на демократија“ и „За Сама“.За најдобар странски филм, покрај „Медена земја“, номинирани се и „Корпус кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција, „Болка и слава“ од Шпанија и „Паразит“ од Јужна Кореја. Прв пат во историјата на Оскарите, се случува документарен филм да биде номиниран во две категории.

 

92-та церемонија на доделувањето на Академските Награди, претставена од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС), ќе ги почести најдобрите филмови од 2019 година и ќе биде одржано во театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија.[  По повеќе од една деценија од одржувањето на церемонијата за доделување на Академските Награди, барем кон крајот на февруари, 92-те Академските Награди ќе бидат одржани порано – на 9 февруари 2020 година. За време на церемонијата, АМПАС ќе ги додели Академските Награди (најчесто наречени Оскари) во 24 категории.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button