Реклама
CelebrityНовости

Атиџе Муратова славеше: Хероината од „Медена земја“ за првпат во животот дуваше свеќички – „Овој роденден ќе го паметам цел живот, јас сум многу среќна“

Реклама

Македонскиот документарен филм „Медена земја (Honeyland) во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, го прикажува животот на Атиџе Муратова, последната пчеларка во Македонија, која живее во селото Бекирлија, и промените кои нејзиниот живот ќе ги претрпи по пристигнувањето на една номадска фамилија во соседната куќа.

Снимањето на „Медена земја“ траело три години при што бил снимен материјал во траење од 400 часа. Филмот обработува неколку еколошки теми, како што се: климатските промени, загуба на биоразновидност и експлоатација на природните ресурси. Документарецот, исто така, ги прикажува односите на Хатиџе со нејзината мајка, која е болна, и со нејзините соседи.

Маркетинг

Филмот „Медена земја“ добил универзално признание од современите филмски критичари кои доделиле пофалби до вниманието кое режисерите им го дале на деталите и до пораката за зачувување на природата која ја пренесуваат кај гледачите. Документарецот освоил многу награди на европските и американските филмски фестивали и бил единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 кој освоил три награди.

Маркетинг

Исто така, тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил номиниран за наградата „Оскар“.

Атиџе моментално престојува во селото Дорфулија во општина Лозово накај Штип, место кое од нејзиното родно село Бекирлија е оддалечено околу 18 километри. Во ова место, со помош на нејзините пријатели со кои го снимала документарецот, успеала да дојде до куќа за која верува дека животот во иднина ќе ѝ го измени кон подобро.

За нејзината љубов кон пчелите и медот во интервју за „Агенција Анадолија“ вели дека датира уште кога била дете и го пробала вкусот на медот, но поради тешката материјална состојба семејството не било во можност редовно да купува мед.

„Еден стар човек ќе ни дадеше малку мед и добро ни беше кога го јадевме. Мојот татко купи едно кило мед, а ние, тројца браќа и една сестра …“, раскажува Атиџе, додавајќи дека еден од нејзините браќа постојано прашувал како да научат да прават мед, а таа уверливо говорела: „Ќе научиме. И ние ќе правиме како другите и ќе научиме“, кажа Атиџе за АА.

Првично вели таа пчелите ја касале, но со текот на времето научила како да се однесува во нивна близина.
„Потоа продолживме, меракот остана, ама фала Богу, од пчелата медена земја добивме, и куќа добивме и големи пофалби добивме за нашата Македонија“, истакнува Атиџе.

Во разговорот Атиџе откри и како научила за правилото „половина мед за пчелата – половина мед за мене“, истакнувајќи дека и на пчелата ѝ е потребен медот за да може да опстане и повторно да даде мед.

„Затоа треба половина за тебе – половина за мене… Повеќе на пчелите да им се остава. Ако нема пчели, од каде мед? На целиот свет му требаат пчели. Ако немаме пчели, ќе немаме ниту здравје“, порачува Атиџе за Агенција Анадолија.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

Македонската водителка и пејачка Сузана Турнџиева летоска отиде во Бекирлија да ја посети Атиџе и оттогаш станаа неразделни пријателки.

Таа на својот Фејсбук профил објави фотографии од посетата на кои се гледа дека се прегрнуваат, пијат кафе и разговараат.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

-Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.
Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..

Фала ти животе, напиша Турунџиева во опис на фотографиите.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук
ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

По извесно време и Атиџе дојде на прошетка во Скопје, каде заедно со Турунџиева направија една обиколка низ градот, а и запејаа заедно.

Тие својата дружба ја овековечија со фотографии и снимки кои Сузана ги сподели на социјалните мрежи.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

„Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје“, напиша водителката во опис на фотографиите направени во центарот на градот.

Па, така и Сузе и Атиџе заминаа во градските трговски центри и уживаа во она што можеби многумина жени ги релаксира – шопинг.

Секако, и кога станува збор за Турунџеива и Муратова, не може да помине без песна и музика, па запејааа и на турски.

„Само тој што сонува и верува во себе, има можност многу да научи во животот, иако (за жал) никогаш не одел во училиште.

Атиџе – една и единственa“, напиша Турунциева на фотографијата направена пред основното училиште „Гоце Делчев“.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

Сузе одлучи да ја однесе Атиџе и на разубавување пред роденденот, па објави нивно заедничко видео од фризерски салон.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

Таа со фен во рака и ја средува косата на Атиџе Муратова, со која е постојано.

„Не, не. Не сменив професија Се работи за предроденденско разубавување со моја асистенција, бидејќи Атиџе и јас скоро секогаш улетуваме ненајавени, а стилистките Емилија и Соња никогаш не не оставиле несредени, дури и во неработни денови. Огромна благодарност за сите наши пријатели со кои не сме поубави само однадвор, туку сме поубави и побогати однатре.“ напиша Сузе под објавеното видео.

Вчера, Атиџе го прослави својот 57-ми роденден во еден скопски локал. Турунџиева ѝ приреди изненадување со свеќички и торта и откри дека хероината од „Медена земја“ за првпат во нејзиниот живот дува свеќички за роденден.

„Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба, а утре продолжуваме. Среќен 57ми роденден мила Атиџе“, напиша Турунџиева.

„Овој роденден ќе го паметам цел живот. Дував свеќички на торта, ете за првпат, потоа бев на Попова Шапка, поминавме со Сузе Турунџиева прекрасен ден на снег, добивам честитки, убави, најубави желби од луѓето, знајни и незнајни. Јас сум многу среќна, и се што сакам за себе, сакам за сите- да се здрави, да имаат добри луѓе околу себе, спокој и кров над глава“, изјави Атиџе за „7дена.мк“.

ФОТО: Сузана Турунџиева/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button