Реклама
Наши ѕвезди

Алачки го ожени синот Благоја. Фолкерката пресреќна, невестата преубава – блескаше како принцеза

Беше весело во семејството Алачки

Реклама

Нашата позната пејачка и водителка Адријана Алачки го ожени својот син Благојa Алачки со неговата сакана.

Од снимката што исплива на социјалната мрежа Инстаграм можеме да видиме како познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски пее на свадбата, а убавата невеста и младоженецот играат и се веселат.

Инаку, Адријана синот Благоја го доби од бракот со хармоникашот Горан Алачки, а од овој брак ја имаат и ќерката Грациела.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки

Адријана и Горан беа во брак 25 години, а и по разводот останаа во добри односни најмногу заради нивните две деца.

Маркетинг

Фото: Фејсбук/ Горан Алачки

Адријана и по разводот го задржа презимето на нејзиниот поранешен сопруг, а синот Благоја името го доби по неговиот дедо, таткото на познатиот македонски хармоникаш.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Водителката на „Вкусот на традицијата“ и „Везилка“ е горда на своите деца, а во една пригода за својот син ќе напише:

„Синко мој, токму на овој ден ми се испол ни животната желба… Те донесов на овој свет, по многу искушенија, здрав и жив. Го слушнав твојот плач… како добредојде на овој свет. Ти го дадов јас името на твојот дедо Благоја, кој неизмерно те сакаше.. и таа желба ми се оствари.. се радував на секоја твоја насмевка, од ден во ден како растеше“, напиша Алачки во една пригода и со оваа емотивна порака му го честита роденденот на својот син.

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button