Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Џастин Бибер преку писмо се отвори: Сакав да се самоубијам, се дрогирав и злоупотребував жени

Реклама

Џастин Бибере објави застрашувачка исповед за неговиот живот на Инстаграм.

25-годишниот пејач и една од најголемите тинејџерски sвезди на сите времиња отворено призна дека до кога имал 19 години, тој имал проблеми со тешки лекови, и дека самоубиствените мисли во еден момент од неговиот живот биле вообичаени.

Маркетинг

Знаете, имам многу пари, облека, автомобили, признанија, достигнувања, награди и сè уште бев неисполнет. Сте ја забележале статистиката на славни деца и исходот на нивниот живот? Се става лудо голем притисок и одговорност врз дете со сè уште неразвиен мозок и емоции.

Сите ние минуваме низ период на бунтовништво и нерационалност, но кога на тоа ќе го додадеш притисокот од славата, тогаш тоа ти прави нешто необјасниво.

Маркетинг

Јас не израснав во стабилен дом, моите родители беа 18 години кога се родив, беа разделени и немаа пари, сè уште млади и бунтовни. Како што мојот талент напредуваше, јас станав ултра успешен за само две години. Целиот мој свет се сврти наопаку. Јас прераснав од 13-годишно момче од мало гратче, во позната личност насекаде во светот со милиони лица кои ми кажуваа колку ме сакаат и колку сум супер.

Не знам за вас, но скромноста доаѓа со годините. Кога си млад, постојано слушаш вакви нешта и започнуваш да веруваш во нив. Рационалноста доаѓа со годините, а исто така и процесот на донесување одлуки (една од причините поради кои не смееш да пиеш до 21 година). Сите правеа сè за мене, па јас никогаш не ги научив основите на одговорноста. Така, до 18-тата година немав никакви вештини за соочување со реалниот свет, со милиони долари и пристап до сè што сакав.

Јас започнав да земам прилично тешка дрога на 19 години и ги злоупотребував сите мои врски. Станав огорчен, лут и не ги почитував жените. Се оддалечив од сите што ме сакаа. Чувствував дека никогаш нема да можам да се променам. Ми требаа години за да се вратам назад по сите тие лоши одлуки, да ги поправам сите скршени врски и да ги сменам навиките за врска. За среќа, Бог ме благослови со неверојатни луѓе кои ме сакаат таков каков што сум. Сега минувам низ најдобрата сезона од мојот живот „БРАКОТ“.

https://www.instagram.com/p/B17JfkkHEKt/

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button