Пријовиќ поради бременоста се повлече од медиумите, но не и од социјалните мрежи
Бремената Александра Пријовиќ вчера со сопругот Филип Живојиновиќ се појави во еден познат ресторан во Белград, а според очевидците за целото време била видно расположена и со насмевкана лицето.
На вечерата во ресторанот беа присутни сите членови од семејството Живојиновиќ, а некои медиуми пренесоа и дека на Лепа Брена воопшто не и пречело тоа што во последно време се почесто се случува во центарот на вниманието да не биде таа, туку нејзината убава, бремена снаа.
Инаку, Александра неодамна најави дека се повлекува од медиумите и дека оди на боледување поради бременоста, но според нејзините последни објави на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека нема намера потполно да ги заборави обожавателите и дека редовно ќе ги известува за нејзината бременост, ако ништо друго барем преку нови, интересни фотографии.
Еве некои од нејзините последни изданија на Инстаграм …
https://www.instagram.com/p/BqGTwpcHLlR/
https://www.instagram.com/p/BqAPKiaH7fM/
https://www.instagram.com/p/BooH_XKHQL5/