Кога е надвoр од салата Мирко ужива со мачето – бодибилдерот во светло какво што го немаме видено досега!
Ретко имаме прилика да го видиме во ова издание!
Нашиот Мирко Петровски е единствениот Македонец кој поседува IFBB PRO професионална карта за натпреварување во професионалната лига на бодибилдинг натпревари и еден од тројцата на Балканот, исто така тој е и личен тренер на познати јавни личности.
Мирко се натпреварува уште од негови 18 години и до ден денес реди успеси во бодибилдингот.
Освен Мирко се натпреварува и неговата сопруга Светлана Петровска која исто е успешна во женската категорија на бодибиднигот.
Во ценатрот на вниманието Светлана беше и кога тренираше во време на бременоста, сите беа воодушевени од тој начин на живот, па дури и Светлана во неколку прилики препорачува вежбање во време на бременоста.
Тој со неговата програма и тренинг ги доведува во совршена фит форма неговите вежбачи.
Меѓу познатите јавни личности е и нашата позната манекенка Катерина Ивановска која со години вежба со Мирко Петровски и така ја одржува совршената линија на своето тело.
Мирко на својот официјален Инстаграм профил често објавува фотографии како изгледа еден тренинг.
Според фотографиите и видеата слободно можеме да кажеме дека навистина треба да се вложи огромен труд за да се има здраво и совршено тело.
Но, исто така Мирко објавува и фотографии на кои е во лежерна атмосфера што мораме да признаеме дека не сме навиканти да го гледаме во такво светло.
Погледнете како Мирко Петровски ужива во божикните празници кога е надвор од фитнес салата воедно и преку социјалните мрежи ги честиташе празниците.
– Во телото здравје, во душата мир, во мислите спокој, во срцето младост. Честит Божик!, стои во објавата на Мирко Петровски.
Во продолжение уште неколку фотографии од Мирко Петровски каде неговото тело е доведено до совршенство, секој мускул е совршено истакнат на неговото тело.
Мажи, вака треба да изгледате доколку сакате да почнете да се натпреварувате во овој спорт.