Реклама
Наши ѕвезди

Внуката на Зафир Хаџиманов е НЕВЕРОЈАТНО УБАВА, со емотивна порака се збогуваше од него: Дедичко ти си посебен, засекогаш ќе те сакам

Реклама

Македонија изгуби уште една легенда. На 78-годишна возраст битката со коронавирусот ја загуби познатиот македонски пејач, композитор, актер и поет, Зафир Хаџиманов.

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

„Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“, се најпознатите песни кои тој ги испеал, а кои засекогаш ќе останат евергрини.

Легендарниот Хаџиманов, играл и главни улоги во неколку филма, како во филмовите „Нож“ и „Македонска крвава свадба“. Тој е последниот човек кој пред маршалот Тито отпеал сплет македонски песни.

Маркетинг
ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

-Секоја моја песна, креирана и испеана, или напишана и отпечатена, секоја моја ролја, секоја проза, секоја изјава, коментар, сето тоа што јас го чувам и внимателно и умно одвреме-навреме го подарувам е една иста порака – културата и уметноста се силно оружје во борбата за слобода на сè – и љубов, и мисла, и живот, што не може да се купи ниту на црн, ниту на легален пазар. Ниту кај Трамп, ниту кај Путин, ниту кај Си Џинпинг, ниту на Бит-пазар. Прво, описменете се, второ, читајте селективно и квалитетно и, трето, кажете што мислите и бранете го тоа аргументирано докрај, вели во интервју од 2019 Хаџиманов по повод најновото ЦД-издание „Како Вардар ќе дотечам. Најдоброто од Зафир Хаџиманов“.

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

Зафир Хаџиманов по таткова линија потекнува од Кавадарци, додека по мајчина е скопјанец. Дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, во 1967 година. Тој речиси целиот животен век го поминал во Белград. Во брак беше со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ-Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Маркетинг
ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

Сам или во дует со својата сопруга Сенка Велентанлиќ-Хаџиманов го прошетал светот пеејќи на концертите во СССР, Франција, Германија, Шведска, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија, Бугарија, САД, Канада, Куба, Австралија итн. Настапувал и раскошно ја сееше македонската музика на сцените како што се Олимпија – Париз, Опера хаус – Сиднеј, Бољшој театар – Москва.

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

Неговиот единствен син, скршен од болка смогна сили да им се заблагодари на сите кои му испратија пораки за поддршка во овие тешки моменти.

-Денеска почина мојот татко Зафир. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа ужасна болест. Позади себе остави вистинското богатство, од песните што така мајсторски лесно ги интерпретираше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, книги поезија и проза, па се’ до неповторливите улоги во театар и на филм. Но, пред и над сè, на своето семејство и на најблиските секогаш несебично им ја даваше својата неизмерна љубов, внимание и поддршка. Сенка и он беа едни од најталентираните и најубавите двојки во историјата на овие простори.

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

Ненадминливи. Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата се’ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!, напиша Васил на „Фејсбук“.

ФОТО: Васил Хаџиманов /Фејсбук

Ќерката на Васил, која е успешна оперска певица на својот Инстаграм профил напиша емотивна порака посветена на нејзиниот едо, со која трогна многумина.

„Драг мој дедичко, ти си посебен. Засекогаш ќе те сакам и ќе се сеќавам на сите прекрасни моменти поминати со тебе.
Моменти кои секогаш биле исполнети со музика, среќа и љубов и сеќавајќи се на твоите прекрасни, нежни зборови и топол глас, секогаш кога ми е тешко.

Ти си едно неверојатно и неповторливо суштество, полно со живот и љубов што го осветли целиот свет со својата прекрасна душа и музика.

ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм

Твојата љубов кон твојот животен повик ја покажа така што чекаше да си заминеш на еден ваков посебен и симболичен ден, а тоа е Светскиот ден на театарот, славејќи го така со нас, твојот убав, исполнет, возбудлив и разнобоен живот.

ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм

Единствената љубов што ја имаш спрема баба и којашто вие заедно ја делевте е неопислива и убава и секогаш ќе бидете најпрекрасната и најталентираната моќна двојка досега!

ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм

Ми недостасуваш многу и ти благодарам за сите овие години што ги имав со тебе, со најдобриот дедичко на планетата.
Се надевам дека е подобро таму каде што си сега, дека ништо не те боли и дека пееш на цел глас. Мислам на тебе и ќе мислам секој ден. Те сака најмногу твојата внука“, напиша Марта Хаџиманов.

ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм

Од легендарниот Хаџиманов на социјалните мрежи се збогуваа многу познати личности, кои со своите посвети предизвикаа солзи кај публиката.
Една од нив е и Калиопи, која се потсети на убавите моменти и за Зафир зборуваше на српската телевизија „К1“.

ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм

Калиопи пред јавноста ја сподели и нивната прва средба кога таа имала само 9 години:

„Зафир Хаџиманов го запознав на првиот фестивал на кој што настапував кога бев дете. Тогаш имав девет години, беше тоа 1976 година, а Зафир беше водител. Тогаш го нарекував „чичко Зафир“, изјавила Калиопи во емисијата „Kec na jedanaest“ во која што се вклучила од својот дом од Скопје.

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

„Не можев ниту да сонувам дека еден ден со него ќе бидам на сцена и дека повеќе нема да го викам „чичко“ туку Зафир. Тој беше многу повеќе од тоа што во уметничка смисла остави зад себе. Зафир беше прекрасен човек, пријател и колега на кој секогаш можевте да му се обратите“, изјавила Калиопи.

Зафир во младоста важел за еден од најубавите мажи во цела поранешна Југославија, а тоа го потврдила и Калиопи.

„Многу жени го сакаа Зафир и мечтаеја за него, а тој ја сакаше само Сенка. Тие се пример како се чува семејството, негува и сака. Ви благодарам што чувате спомени на Македонците кои живееле со вас“, рече Калиопи.

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

Но, на јавноста ѝ е позната и уште една љубовна приказна меѓу Зафир и починатата пејачка Љупка Димитровска.
Режисерот и актер одамна и раскажа за нивната љубовна приказна.
Според сеќавањата на Ангеловски, Зафир ѝ бил момче на Љупка, а кога на една Нова Година се вратиле од новогодишната забава, Зафир се сплеткал со друга девојка од друштвото.

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук

„Љупка, несреќна ме замоли да ја испратам од Еврејското маало, преку Вардар од другата страна, каде што живееше, на Плоштадот. Кога? Во еден миг се наведна сакајќи да се фрли од Камениот мост, и да се самоубие. Секакви работи и изнакажав, и некако ја испратив до дома. Потоа, таа замина за Загреб, се офарба руса, го оперираше носот, се омажи за Никица Калоѓера, и стана пејачка“, раскажа Ангеловски.

Неговиот лик и дело ќе живеат вечно! Вечна му слава!

ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук
ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук
ФОТО: Зафир Хаџиманов /Фејсбук
ФОТО: Васил Хаџиманов /Фејсбук
ФОТО: Васил Хаџиманов /Фејсбук
ФОТО: Васил Хаџиманов /Фејсбук
ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм
ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм
ФОТО: Марта Хаџиманов / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button