Диети

Еве зошто Медитеранците се долговечни

Реклама
Реклама

Најверојатно генералниот одговор на ова прашање ви е веднаш познат – а тоа е здравата и органска храна, за која што во овој текст ќе позборуваме малку поопширно…

Маркетинг

Типичен медитерански оброк (она што се јаде секојдневно) во најголем дел се состои од леб, тестенини, палента (качамак), житарици, потоа овошје и зеленчук, грав, тврдо овошје, после тоа следи маслиново масло, млеко и сирење во нешто помала мера. Само неколку пати во неделата се јаде риба и пилешко, а црвеното месо се консумира само неколку пати во месецот.

Основни карактеристики на медитеранската исхрана, која е традиционална за овие народи (во кои спаѓаме и ние) и кои веќе стотина години се храната на сличен начин се: мала употреба на месо и месни обработки, помала употреба на млеко и млечни производи, мешункасти плодови (грав, боранија, грашок…), житарици, овошје и зеленчук, голема количина на незаситени масти (пред сé, нерафинирано маслиново масло) и умерено користење на вино.

Маркетинг

Медицинското списание “New England medical Journal” објави истражување врз основа испитување на 22 000 грци, кои го применувале медитеранскиот принцип на исхрана. Истражувањето дошло до резултати кои покажале дека грците живеат подолго од останатите. На тоа се надоврзува и истражувањето на американското медицинско здружение, кое објавило извештај за предностите од медитеранската исхрана, истото е правено врз 2 000 луѓе стари помеѓу 70 и 90 години, кои се следени во текот на 11 години. Веројатноста да почине некој од испитаниците кои се придржувале на медитеранскиот стил на исхрана, умерено консумирале алкохол, не пушеле тутун и биле физички активни, била за 50% помала од вообичаената.

Иако некој истражувачи се обиделе причината за долговечноста на Медитеранците да ја пронајдат во само еден изолиран фактор од нивната исхрана – на пример маслиново масло или вино – изгледа дека на овој феномен не може да му се пристапува на овој начин. Маслиновото масло има влезено во широка употреба низ целиот свет, но тоа не влијае битно на општото здравје. Во медитеранската очигледно е дека се важни сите детали.
Исто така освен исхраната, постојат и други фактори. Медитеранците имаат еден поведар однос кон животот, тие уживаат во храната со семејството и пријателите. За нив оброкот  е уживање и опуштање, а порциите со храна не се големи.

Во целина, медитеранската исхрана може да се смета за еден облик на диета која е далеку поздрава од вообичаената современа исхрана, заедно со се повеќе популарната вегетаријанска исхрана и макробиотика.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button