Реклама
BEAUTYНега и здравје

5 златни правила за убавина од Одри Хепберн кои ќе ви помогнат да изгледате неодоливо

Реклама

Одри Хепберн веќе со децении важи за една од најубавите актерки во историјата. Нејзиниот шарм и женственост ја направиле недостижна за мажите. Еве од кои 5 правила не се откажувала оваа убавица.

1. Вода

Таа секогаш инсистирала сите да пијат многу вода, а денес на сите ни се познати придобивките од неа. Одри пиела многу вода, а притоа и јадела и многу зеленчук.

2. Гответе сезонски намирници

Одри готвена и јадела строго сезонско овошје и зеленчук. Кога пазарела, таа секогаш ги барала сезонските намирници. Никогаш не се плашела од стареење и уживала во своите години. Нејзиниот стил бил поврзан со храната.

Маркетинг

3. Детоксикација

Таа редовно го „чистела“ своето тело. Детоксикација практикувала еднаш месечно и тогаш јадела многу овошје, зеленчук и јогурт. Детоксикацијата ѝ помогнала во многу животни аспекти.

4. Само едноставни рецепти

Одри не била вегетаријанка, јадела и месо, но во мали количини. Најмногу сакала тестенини со доматен сос, кои се подготвуваат лесно, но имаат специфичен вкус. Одри сакала да јаде и компир. Таа намирница речиси секојдневно била во нејзиното дневно мени.

Маркетинг

5. Секој ден да се живее со полни гради

Секогаш кога одела на ново место или кога готвела по некој нов рецепт, таа се возбудувала како мало девојче. Секој ден го живеела во полн здив и повеќе се грижела за своите деца отколку за себе. Најмногу се трудела да се радува на малите работи и во нив да ужива максимално.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button