Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Жена Овен – борец за правда и дама која знае што сака во животот

Реклама

Од една страна, оваа жена е полна со љубов и сочувство за другите. Таа е жена која знае да сака и да пружи љубов. Своите сакани ги чува како капка вода на дланка.

ФОТО: disslove.com

Од друга страна, оваа жена има цврст став. Многу е храбра и амбициозна. Слепо се бори за она што го сака и не гледа колку е тешко за да стигне до тоа. Меѓутоа, таа нема по секоја цена да оди кон својата цел. Нема да ги валка своите раце и образ со лаги и измами за да го добие она што го сака. Тоа не е нејзин стил. Таа до своите цели стигнува често и достоинствено.

На знакот Овен припаѓаат жените родени помеѓу 21 март и 19 април. Со други зборови, владеењето на овој знак започнува со будењето на пролетта. Не е ни чудно што тие сеп остојано во движење и акција. Нивната планета е марс, а таа ги прави упорни, проактивни, па дури и агресивни во некои ситуации. Нивниот елемент е оган, а омилена боја им е црвената. Оганот сам по себе симболизира жив и огнен темпрамент. Сето тоа укажува на тоа дека оваа жена е постојано во акција и не се откажува лесно.

Маркетинг

Жената Овен е независна, силна и полна со самодоверба. Како таква, таа честопати е пример за другите околу неа, а не ретко ги инспирира и ги поттикнува да се движат напред. Амбициозна е и никогаш не ѝ е досадно. Таа секогаш има планови и идеи и не се задржува само на имагинација, туку смело се впушта во реализација. Сака да победува и ужива кога другите ја гледат како победник. Секогаш сака да изгледа голема во туѓите очи.

Оваа жена е борец за правда и вистина. Се’ ќе направи за да биде задоволена правдата. Таа секогаш се бори за вистината и не дозволува да се постигне нешто со лаги и манипулации. Покрај неа тоа не успева. Секогаш и по секоја цена ја истерува правдата до крај. Не дозволува лошите луѓе да успеат во своите намери.

Маркетинг

Во љубовта, сака да преземе иницијатива и да ја заведе другата страна, а често сака и препирања бидејќи ги смета за одредена предигра. Мажите често се магнет за неа, бидејќи ја доживуваат како интригантна и интензивна, а самото нејзино освојување е голем предизвик.

Кога е заљубена е пресреќна и сите нешта во нејзиниот живот тогаш стануваат екстремни. Во врската не сака да се чувствува поседувана, но повремените искажувања на љубомора и посесивност и ласкаат бидејќи тоа за неа е знак дека партнерот е свесен колку таа вреди.

Романтиката и е мнигу важна, а исто така и вниманието од партнерот. Меѓу ретките жени е која успева да ги одвои љубовта и сексот.

Пријателствата со жената Овен често се интензивни и таа создава пријатели за цел живот. Склона е кон тоа да има широк круг на пријатели бидејќи постојано ги менува интересите и нејзиното темпо не може да биде следено од секого. Секое друштво кое има жена Овен во него има загарантирана возбуда и забава.

Жената родена во овој знак никогаш не би го градела својот успех на туѓата болка. Таа знае дека нејзината среќа не се наоѓа во нечија несреќа. Поради тоа никогаш не дозволува да направи такви потези во животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button