Реклама
Хороскоп

Еве што не очекува вечерва – по зелените огнени топки, ни се приближува комета која ќе изгледа како полна Месечина

Реклама

Овој викенд на небото се случува вистински спектакл

Овој петок можевме да го гледаме метеорскиот дожд Геминда кој донесе голем број големи зелени огнени топки. Според НАСА ова беше последниот и најсилен метеорски дожд за оваа година, а феноменот прв пат беше забележан во 1862 година и се случува секој декември прнесува Си-Ен Ен.

Маркетинг

 

По метеорскиот дожд, следува кометата „46P/Wirtanen” позната и под името Божиќната комета. Таа е најсјајна за оваа година и се очекува да помине во близина на Земјата во вечерните часови на 16 декември.

Во прашање е мала комета која во последните неколку недели стана посветла, а се очекува да биде доволно светла така што ќе може да се гледа дури и со голо око во недела вечерта. Според НАСА ова е најблиското приближување до Земјата во последните 400 години, но не постои никаква опасност од судир со Земјата или Месечината.

 

На небото ќе ја видите така што ќе побарате благо зелена ѕвезда со дифузен сјај што ја опкружува. Иако поради слабиот сјај, за набљудување е потребен двоглед или телескоп, димензиите на небото се огромни и привидно има достигнато големина на полна Месечина.

Пронајдете отворено подрачје, далеку од гратската светлина, со широк поглед на небото.

Божиќната комета би требало да биде видлива во текот на вечерните часови и на северната и на јужната хемисфера. За да ја видите изберете мрачно место со помалку градска светлина и гледајте во правец на југ. На вашите очи ќе им требаат од 20 до 30 минути за да се прилагодат на темницата за да можете полесно да ги воочите промените на небото, затоа не треба да гледате во мобилниот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button