Реклама
Рецепти

Направете вкусни и сочни тулумби на домашен начин – специјалитет без конкуренција!

Реклама

Нема Македонец што не го пробал овој вкусен специјалитет

Тулумбите се вистинска ризница во нашата македонска кујна. Нема домаќинство во кое не знаат како се подготвуваат, впрочем како и во Турција, а највкусните што сме ги јаделе ги правеа нашите баби. Па, ако сакате да ги изненадите вашите дечиња, но и пријателите, еве еден добар рецепт со кој ќе направите овој сладок деликатес.

Маркетинг

Потребни состојки за тестото:

-400 милилитри вода
-6 лажици масло
-250 грама брашно
– 5 јајца

Маркетинг

Состојки за шербетот:

– 800 грама шеќер
– 400 милилитри вода
– 1 лимон исечен на парчиња

Најпрво во тенџере од средна големина загрејте вода. Кога водата ќе зоврие, полека додадете го брашното со постојано мешање, додека смесата не се згусне и започне да се одвојува од лонецот. Тргнете го садот од огин и оставете малку смесата да се олади на собна температура. Во изладената смеса додадете едно по едно јајце, а притоа мешајте со раце.

 

За подготовка на шербетот варете вода и шеќер на висока температура додека шеќерот не се растопи, а за крај додадете го лимонот и оставете шербетот да се олади на собна температура.  Потоа загрејте масло на висока температура, а со помош на шприц за декорирање истискајте ја претходно подготвената смеса во вид на тулумба. Во топлото масло тулумбите сами ќе се завртат. Кога ќе добијат златно жолта боја извадете ги, а потоа ставете ги со ладниот шербет. Кога сите тулумби ќе бидат готови, полијте ги со остатокот од ладниот шербет и ставете ги во фрижидер за да се оладат пред послужување.

[Не заборавајте да го погледнете и видеото со оригиналниот турски рецепт за тулумби!]

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button