Реклама
BEAUTYНега и здравје

Совети кои ќе ви помогнат помалку да го допирате вашето лице

Реклама

Различни истражувања откриваат неверојатни бројки кои се однесуваат на тоа колку пати во текот на еден час го допираме своето лице. Додеа едни студии тврдат дека лицето во текот на само еден час го допираме 16 пати, други наведуваат дека тоа е погрешна проценка и дека лицето го допираме и до 25 пати во рок од еден час. Кои проценки и да се точни – се работи за големи бројки.

ФОТО: vox.com

Но, се чини дека луѓето дури сега ја препознаваат опасноста од пренесување на вирусите и бактериите токму по овој пат. Се покажало дека луѓето најчесто го допираат носот, устата и очите, а токму тоа се патиштата кои овозможуваат непрекинато влегување на вирусите и бактериите во организмот.

Сепак, експертите советуваат дека постојат начини да заборавите на оваа навика. За почеток, ставете си нараквица на раката за со неа да си играте кога ви е досадно, кога ќе бидете нервозни или под стрес. Ако не сакате накит, ќе ви послужи и антистрес топкичка која секогаш треба да ви се наоѓа при рака.

Маркетинг

Мачкањето на раце со масни креми исто така е испробана техника. Сознанието дека рацете ви се масни автоматски ќе ве одврати од допирање на лицето. Третиот метод се однесува на составот награда и казна. Баш како што во текот на школските денови се отивиравте со чоколадо кое можевте да го јадите после совладувањето на одреден предмет,т ака и себеси можете да се наградите сега ако на пример два часа не го допрете вашето лице. Секако, бидете внимателни со чоколадата затоа што на овој начин брзо можете да се здебелите!

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button