Реклама
MAMAКафе муабет

Соновникот ви открива што значи да сонувате куче

Реклама

Покрај мачките, кучињата се едни од животните кои најчесто ги сонуваме. Нивното значење е широко, а повеќето ср врзани со позитивни случувања.

Сонување многу кучиња

Ќе добиете некој изненаден подарок кој не сте го очекувале и на кој многу ќе се радувате.

Сонување големо куче

Ако во сонот видите големо куче, тоа симболизира верност. Можно е да запознаете многу добри луѓе кои на животот гледаат исто како и вие.

Маркетинг

Сонување како ве напаѓа куче

Ако сонувате како ве напаѓа или ве гризе некое куче, тоа означува опасност. Најверојатно сте позајмиле пари кои итно ви биле потребни, но сега не успевате да го соберете истиот износ и да ги вратите. Колку и да избегнувате, ќе дојде до одредена кавга.

Сонување дека си играте со куче

Ако сонувате како си играте со куче, тоа значи дека ќе најдете некој моќен заштитник. Може да имате помалку проблеми на работа.

Маркетинг

Ако сонувате куче кое ‘ржи

Претерано се грижите за некој проблем. Тој ви изгледа како голема препрека, но во суштина ќе се покаже дека е сосема неважен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button