Реклама
MAMAРецепти

Руска Наполеон торта: Воздушест десерт кој ќе ве плени (Рецепт)

Реклама

Слоеви лиснато тесто прекриени со вкусен фил.

Потребни состојки за тесто:

  • 700 грама брашно
  • 400 грама маргарин
  • 2 јајца
  • 200 милилитри ладна вода
  • 1 лажичка оцет
  • Половина лажичка сол

Потребни состојки за фил:

  • 6 жолчки
  • 40 грама пченкарен скроб
  • 700 милилитри млеко
  • 230 грама маргарин
  • 200 грама шеќер
  • 2 лажички екстракт од ванила

Начин на подготовка: Во еден сад измешајте ги јајцата, водата, оцетот и солта. Тргнете ги на страна. Во друг сад ставете брашно и оладениот маргарин исечкан на коцкички и мешајте додека не се соединат. Ставете ги во поголем сад и додајте ја смесата со јајцата. Мешајте додека не добиете тесто, па ставете ја на работната површина. Поделете го тестото на 10-12 еднакви делови, завијте го во фолија и оставете го во фрижиидер на околу еден час. За филот ставете ги жолчките, шеќерот и пченкарниот скроб во еден сад, па добро промешајте. Ставете го млекото да се загрее и тргнете го од оган пред да почне да врие. Постепено додавајте топло млеко во мешавината со жолчките и добро промешајте. Вратете ја на оган и варете со постојано мешање, додека не се згусне. Тргнете го садот од оган и додајте маргарин и екстракт од ванила. Промешајте и покријте со фолија, па оставете да се олади.

Загрејте ја рерната на 190 степени. Развијте го секој дел од тестото на тенки кори во големина колкав што ви е калапот за торти. Секоја кора избоцкајте ја со вилушка. Додека ја развивате едната кора, оставете остатокот од тестото и понатаму да се лади. Секоја кора печете ја 10-12 минути, додека не добие златна боја. Кога ќе се оладат, редете ги на чинија па секоја премачкајте ја со фил. Повгторувајте така додека не ги истрошите сите кори. Кога ќе ја направите целата торта, премачкајте ја со остатокот од филот и декорирајте ја. Оставете ја во фрижидер во текот на ноќта.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button