Реклама
MAMAРецепти

Солени бајадери кои ќе ја направат божествена вашата празнична трпеза (Рецепт)

Реклама

Гостите ќе ви бидат воодушевени!

ФОТО: recepti.com

Потребни состојки:

  • 500 грама бело пилешко месо
  • 300 грама шунка
  • 300 грама кашкавал
  • 200 грама маринирани шампињони
  • 5 јајца
  • 200 грама кисела павлака
  • 1 лажичка масло
  • 2 лажички брашно
  • 10 грама прашок за пециво
  • мешавина од зачини

Начин на подготовка: Во посолена вода сварете го месото посебно, исцадете го од течности, изладете го и ситно исечкајте го. Шунката исечете ја на парчиња, кашкавалот изрендајте го со крупно ренде, а шампињоните исечете ги на тенки листови. Во еден плех за печење со димензија од приближно 30х20cm ставете масло и малку брашно. Вареното и исечкано месо ставете го на дното на садот, ставете шампињони, а преку нив шунка и на крај рендан кашкавал.

Изматете ги јајцата, павлаката, додајте брашно, прашок за пециво и зачини по вкус. Изматената смеса прелијте ја преку содржината во садот. Преку неа ставете алуминиумска фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути. Оставете ја да се олади, пожелно во фрижидер, за да можете убаво да ја сечете на парчиња.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button