Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за баклава од бадеми со која ќе ги воодушевите вашите најмили

Реклама

Подгответе еден необичен десерт и воодушевете ги вашите најмили.

ФОТО: N.N

Потребни состојки: 

  • 500 грама кори за баклава
  • 200 грама ореви
  • 200 грама лешници
  • 200 грама бадеми
  • 750 грама мед
  • 450 грама шеќер
  • 125 милилитри вода
  • Половина кафена шолја кисела вода
  • 150 милилитри вода

Начин на подготовка: Испечете ги оревите, лешниците и бадемите, а потоа смелете ги сите посебно. На умерена температура стопете 300 грама мед, 300 грама шеќер и вода. Со тоа премачкајте ја секоја кора, па одозгора ставете лешници, на втората кора бадеми, на третата ореви и така по ред додека не го потрошите материјалот. Потоа исечете ја на коцкички, а ако ви остане шербет, прелијте ја и попрскајте ја со кисела вода. Печете на 200 степени, околу половина час. Додека се пече, подгответе прелив од преостанатиот мед, шеќер и вода, така што сите состојки ќе ги стопите на умерен оган. Печената и топла баклава прелијте ја со шербет.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button