Реклама
MAMAДом и семејство

Размислете добро што изговарате пред вашите деца – тие паметат се’

Реклама

Иако понекогаш ви се чини дека вашите малечки не слушаат и дека се окупирани со своја работа, бидете сигурни дека по навршени четири години, со случајни слушања на вашиот разговор впиваат многу повеќе отколку што мислите.

ФОТО: goodmenproject.com

Дали понекогаш ви се случило вашето малечко да ве издало во градинка или да ја прераскаше некоја незгодна ситуација за која не сте сакале да знае никој во вашата околина? Ако се’ уште не, тогаш најверојатно тоа ќе ви се случи барем еднаш.

Детската искреност и среќа навистина се непроценливи, но многу е важно на правилен начин да ги научите што треба да зборуваат, но и кому да, а кому не. Ако во почетокот го научите детето да не ги издава вашите тајни, со текот на времето ќе изгради свои подобри навики.

Маркетинг

Затоа многу е важно вие, како родители, да научите што можете и кога можете да зборувате пред вашето дете. Тоа не значи дека треба да сокривате нешто од нив, туку на памет треба да имате кои информации смеат, а кои не смеат да ги примаат. Имајте на ум дека децата треба да знаат некои важни случувања во животот, како доаѓање на ново бебе, преселба, развод…

Колку и да ви е тешко, вие како родители мора да ги усогласите вашите правила кои ќе ги користите за детето. Инаку, обидот за создавање авторитет станува бесмислен. Па, ако важи правилото дека детето треба да отиде на спиење во 20 часот, тогаш тоа нека биде така и кога мама или тато ќе бидат сами дома. Непочитување на правилата важи само ако се согласат и двајцата родители.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button