Реклама
Новости

Еве што треба да знаат оние на кои им пречи Првата дама на Франција

Реклама

Што ќе се случеше, односно како ќе реагираа сите кои ги критикуваа Макрон и неговата сопруга, ако таа беше помлада 20 години од него?

Дали и тогаш реакциите ќе беа исти?

Маркетинг

И пред да се избере новиот претседател на Франција, јавноста повеќе се интересираше за елегантната дама Бриџит Троње, сопругата на Макрон, отколку за самите кандидати. Интересирањето за неа дополнително се засили откако нејзиниот сопруг победи на изборите, а таа стана Прва дама на Франција. Денес речиси нема медиум кој не ја објави приказната за нивната необична љубовна врска, за новиот претседател на Франција кој пред олтарот ја однесе неговата некогашна учителка која 24 години е постара од него.

Нивната љубовна приказна започнува кога тој има 15години а таа 39. Атрактивната Бриџит тогаш му била професорка на интелигентниот средношколец и му предавала часови по глума во вечерното училиште, во рамките на неговото средношколско образование. Таа тогаш била омажена и со три деца, а едно од децата дури му бил и другар на малиот Емануел кој за многу брзо време страсно се вљубил во неа. Нејзе и годело неговото внимание иако јасно му дала до знаење дека е омажена и дека меѓу нив постои исклучиво јасен однос на професорка-ученик. Но на неговата интелигентна природа професорката не останала имуна:

Маркетинг

„Беше неверојатно мудар, интелигентен. И тогаш знаев дека е успее бидејќи беше натпросечно интелигентен“, вели таа.

Бриџит и Емануел на тој начин несвесно ќе се зближат што ќе го забележи и неговото семејство кои ќе го испратат во Париз на студии убедени дека така ќе ја заборави професорката која толку многу била постара од него. Пред да замине, Емануел кој тогаш имаше 17 години, и вети на својата идна сопруга дека ќе се врати по неа и дека ќе ја ожени.

Ах, каква романса! Но тоа не е се! Тоа е само почеток …

Емануел го одржува своето ветување и во 2007 година кога наполнил 29, а Брижит беше разведена, поранешниот нејзин ученик ја запроси професорката и тоа барајќи благослов од нејзините деца која што ја доби без проблем. Од тогаш парот е нераздвоен а нивните семејства се согласуваат одлично. Дури до толку што внуците на првата дама на Франција Макрон го викаат „daddy“. Но тоа е Франција, земјата на љубовта и сексуалноста!

Која е Брижит Троње, Првата дама на Франција >>

„Многумина велат дека нашата врска е неодржлива и невозможна. Но оние кои ги шират таквите гласини или веруваат во нив го изгубиле чувството за реалноста или пак имаат проблем со хомосексуалноста. Постои голем проблем со претставата за општеството и со тоа како тие го гледаат местото на жената. Претпоставувам дека никој не би ја донел во прашање исправноста на нашата врска кога мојата сопруга би била 20 години помлада од мене“, истакна Макрон, додавајќи дека таквите гласини за него само го „дестабилизираат“ неговото опкружување и дека навистина жали што политиката не е „поцивилизирана“.

И дека нападот на неговата сопруга е напад на сите жени!

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button