Реклама
Новости

Претепана позната ријалити ѕвезда од Задруга – итно хоспитализирана, нови детали за нејзината состојба

Старлетата се здобила со тешки телесни повреди

Реклама

Дениз Дејм, една од учесничките во „Задруга“, наводно била брутално претепана на еден сплав во Белград.

Како што пренесуваат медиумите, Дејм здобила тешки телесни повреди – и била скршена раката, па завршила во болница.

Како пто пишува српскиот Блиц, Дениз била на роденден кај еден свој пријател кога и се приближил маж во пијана состојба.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа го одбила на фин начин, како што открива извор што бил на лице место, но тој не сакал да го прифати нејзиното одбивање.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Непознатото момче сакал да ја стартува, но откако Дениз му кажала дека не е заинтересирана, тој се изнервирал.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како што пренесува изворот, тој почнал да вика и да и се заканува, а потоа во еден момент и да ја удира по нозете и жестоко и ја свиткал раката, по што познатата ријалити ѕвездата завршила во болница.

Потсетуваме, Дениз Дејм е позната по своето контроверзно однесување, а беше блиска и со свирепиот убиец од Младеновац.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Таа околу еден часот по полноќ била пуштена дома од болницата, а се здобила со тешка повреда на раката.

Фото: Инстаграм

Дениз во болницата пристигнала со големи болки, а дежурниот лекар востановил повреда на нејзиното лакто, поточно контузија.

Фото: Инстаграм

Инаку, Дениз по потекло е од Словенија и вниманието на јавноста го привлече пред се со својот специфичен изглед и необичните модни комбинации, но најмногу со тоа што е висока два метри.

Фото: Инстаграм

Но токму височината е и главната причина што за неа кружат приказни дека е родена како машко, нешто за што Дениз не сака да се изјаснува, туку во една пригода само го изјави следново:

„Па и да сум го променила пoлoт, јас сум жена – бидејќи и тpaнс жените се – жени!“ изјави во една пригода Дениз.

Фото: Инстаграм

Но и покрај шпекулациите дека се родила како машко, фотографиите од детството кои самата Дениз ги има објавено на нејзиниот Инстаграм откриваат дека контроверзната ријалити ѕвезда е родена како девојка. Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button