Реклама
FashionМодни совети

Никако не ги фрлајте: Неколку парчиња облека кои секогаш се враќаат во мода

Реклама

Колку пати сте искористиле некоја облека од вашата мајка или баба, затоа што истите парчиња повторно се вратиле во мода? Еве кои трендови секогаш се повторуваат, па врди да ги чувате во вашиот плакар.

Голи рамена

Фустаните кои ги откриваат рамената се носеле уште одамна, а од тогаш до денес, овој тренд секако по малку се враќа на модната сцена.

Платформи

Иако се појавиле уште во четириесеттите години од минатиот век, платформите обично ги поврзуваме со седумдесеттите, кога станаа повеќе популарни Од тогаш до денес, во мода се враќаат на секои неколку години, а одлична вест е дека се носат и токму сега.

Маркетинг

Мрежеста облека

Се сеќавате ли дека во 2000-тите години сите носеа мрежести маици, па дури и мажите? Тој тренд беше присутен и во почетокот на деведесеттите, а полека и сега се враќа во мода.

Широки панталони

Во мода се уште од четириесеттите години од минатиот век, а веруваме дека на жените никогаш нема да им здосадат овие удобни, широки модели на панталони.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button