Реклама
MAMAКафе муабет

Оваа година е престапна – еве кои народни верувања се врзуваат за неа

Реклама

Според народните верувања, во престапна година, која самата по себе е „баксузна“, не би требало да започнувате сериозни работи. Оваа година не би требало да влезете во брак, затоа што ќе заврши неславно. Ако сепак се одлучите да се венчате, пожелно би било жената да го запроси мажот.

ФОТО: jooinn.com

Исто така, според народните верувања, треба да избегнувате и садење овошки, затоа што тие во својот животен век нема редовно да даваат плодови. Дури не се препорачува калемење и произведување садници на овошје. Експертите и науката, секако, за ова велат дека е празноверие. Ставот на науката за ова прашање е јасен и тука нема апсолутно никакви препреки за да не се сади овошки во престапните години.

Веројатноста некој да се роди баш на 29 февруари е еден спрема 1.000 и во светот моментално живеат околу 4 милиони луѓе родени на овој ден. За тие деца се вели дека се креативни, способни и често се уникатни. Да се биде роден на 29-ти февруари значи да се биде надарен со шесто сетило, а за овие личности се верува дека поседуваат посебни таленти.

Маркетинг

Во Гинисовата книга на рекорди запишано е едно семејство од Ирска во кое личности од три генерации по ред се родени токму на 29-ти февруари! Книгата на Гинисови рекорди евидентирала и едно норвешко семејство во кое тројцата деца се родени на престапен датум.

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button