Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дали ќе се пронајдете во оваа листа на најсрамежливи хороскопски знаци?

Реклама

Некои луѓе се отворени како книга и немаат никаков срам, додека пак други се срамат од се’ и сешто. Ако припаѓате во втората група, можно е за тоа да е виновен вашиот хороскопски знак. Еве на кои хороскопски знаци срамежливоста едноставно им е вродена.

ФОТО: verywellfamily.com

Рак

Иако се прават дека се силни, Раковите се емотивни и најмногу се срамуваат. Кога не успеат нешто да задржат во себе, мислат дека околината ги осудува поради тоа, па се чувствуваат засрамено.

Девица

Девиците се перфекционисти и сакаат да ги имаат работите под контрола. Ако нешто скршне од патот, за нив тоа е голем срам.

Маркетинг

Вага

Вагите се отворени и искрени кон сите, па истото го очекуваат и од другите. Но, токму поради своето слепо верување во луѓето, честопати се чувствуваат изиграно и засрамено, зашто другите им ја искористуваат нивната наивност.

Риби

Рибите по природа се нежни и чувствителни, па доволно им е само некој да им се обрати, па тие да се вцрвенат во истиот момент. Затоа и овие личности имаат проблеми со запознавањето нови луѓе.

Маркетинг

Јарец

Амбициозните и одговорни Јарци живеат според правилата, а кога ретко ќе се препуштат на некој момент, тие се засрамуваат зашто скршнале од својот строг режим.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button