Диети

Неверојатна трансформација: Тежел 146 килограми, а денес е советник за слабеење

Реклама
Реклама

Нејтан Хјувит на само 15 години тежел 146 килограми, а благодарение на неговата силна волја тој успеал да изгуби повеќе од половина од неговата тежнина и денес е советник за слабеење.

Нејтан бил едно од најдебелите деца во Велика Британија, а причините за неговата прекумерна тежина биле брзата храна и постојаното играње видео игрички. Пресврт во неговиот живот се случува кога во еден забавен парк не му дозволиле да се вози на ролеркостерот бидејќи поради дебелината не можеле да го врзат со појасот. Тогаш тој одлучува да смени нешто во животот, и денес, на 23 години тој е советник за слабеење и изгледа супер.

Маркетинг

Проблемот со дебелината во Велика Британија е сериозен па така владата му доделила пари да започне свој бизнис за да може да им помогне на младите кои ќе се најдат во иста ситуација како него.

Маркетинг

„Јас поминав низ тоа и знам како е да се биде огромен, доволно е само да ги погледнете моите фотографии и да се уверите во тоа. Но, сакам да го искористам моето искуство и да ги охрабрам и поттикнам дебелите деца да ослабат и да го сменат својот живот“, вели Нејтан чии први клиенти биле неговите другари од класот кои му се смееле за тежината.

„Со години морав да се соочувам со тоа што сите ми се потсмеваа и тоа се само заради храната. Тоа е еден ужасен маѓепсан круг од кој тешко се изглегува“, вели Нејтан кој по воведувањето на здравата храна во својот живот и редовното вежбање успеал да ослаби и на крајот да постигне тежина од околу 70 килограми. На 19 години тој направил операција за отстранување на вишокот кожа и од тогаш конечно можел да продолжи понатаму во животот со крената глава.

„Многу дебели деца мислат дека никогаш нема да можат да ослабат, но јас сум тука и сакам да ги убедам во спротивното. Тешко е, но е возможно. На мене животот во потполност ми се промени – имам поголема самодоверба, поздрав сум и послаб. Навистина се чувствувам како друга личност во однос на она кога имав 15 години и скоро 150 килограми.“

Нејтан сега одржува семинари и има блог каде дава совети и го споделува своеото искуство за да им помогне на децата со прекумерна тежина. Како што самиот вели, тој и е благодарен на неговата влада што финансиски му помогнала да го оствари овој проект.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button