Реклама
MAMAБебиња

„Мислиш ли дека бебето е најадено?“ – неколку реченици што никогаш не треба да им ги кажете на мајките кои дојат

Реклама

Доколку разговарате со мајка која го дои своето бебе, избегнувајте да ѝ ги поставувате овие прашања.

ФОТО:cusforhealth.org

Маркетинг

Мислиш ли дека бебето е најадено?

Ниту една мајка која дои не може да биде сигурна дали бебето е најадено, затоа што не може да добие повратна информација. Затоа, тие се водат според инстинктот и се трудат да препознаат дали детето добило доволно млеко.

Зар повторно е гладно бебето?

Бебињата не сакаат да цицат само кога се гладни, туку и кога им треба близина со мајката, кога треба да се смират, односно, ако не можат да заспијат. Затоа, ниту за една мајка не постои одреден број на подои.

Маркетинг

Дали би се чувствувала попријатно ако се покриеш?

Ова и не е прашање, туку осудувачка изјава која всушност значи: „Мене би ми било попријатно ако се покриеш!“ На секоја мајка приоритет ѝ е нејзоното бебе, а коментарите од страна баш и не ѝ се потребни…

Зар не ти е детето преголемо за да го доиш?

Колку долго мајката ќе го дои своето дете, зависи само од неа. Ако некој ова го смета за ненормално, тогаш негов проблем.

Ако му понудиш шише на твоето бебе, никогаш нема да сака да цица

Оваа реченица не може да биде вистинита во сите случаи. Многу жени го хранат своето дете и со млеко од шише, а притоа го дојат. Освен тоа, експертите велат дека сосема е во ред на детето да му понудите и млеко од шише откако ќе направи еден месец.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button