Реклама
БебињаНаши ѕвезди

Македонска пејачка го покажа стомакот два месеци по породувањето – еве како се врати во форма

Пејачката ужива во мајчинството...

Реклама

Пејачката за брзо време по породувањето се врати во форма

Младата пејачка Антониа Гиговска пред нешто повеќе од два месеци се оствари во улога на мајка и го роди синот Киан.

Таа синот го доби со нејзиниот колега, музичарот Роберт Спасенцовски, кој прв ја сподели среќната вест на социјалните мрежи.

Маркетинг

Но по само неколку дена и Гиговска почна редовно да објавува фотки на Инстаграм, а сега посебно ги изненади сите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Имено, таа позираше во кус тексас шорц и со „кроп-топ“ маичка, па по нејзиниот изглед никој не би кажал дека била бремена.

Познатата пејачка едноставно нема проблем да покаже како изгледа нејзиното тело по породувањето, па дури и само неколку дена откако излезе од болницата. Таа гордо го покажуваше својот стомак и за време на бременоста, но и во првите денови откако го доби бебето, истакнувајќи дека сето тоа е потполно природно и дека и таа едноставно е само една обична жена.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Но овој пат Гиговска воопшто не личи дека била бремена и на Инстаграм откри како успеала да се реши од вишокот килограми.

Како што самата откри, останало уште малку за да биде каква што сака, а во тоа успеала така што избегнува леб, благо и сокови.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Таа открива и дека почнала да вежба, а како изгледаше и додека беше со трудничко стомаче, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Имено, таа е една од ретките наши ѕвезди кои немаат проблем да се појават во било какво издание пред фановите, а тоа го докажува и со нејзините бројни фотографии на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Пејачката гордо покажа и како изгледа само неколку дена по породувањето, па и тогаш доби бројни комплименти од фановите.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Погледнете како изгледаше и непосредно пред да се породи и уживајте во божествената магија што ја поседува секоја жена…

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button