Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 18-24 јануари, 2016

Реклама

Како хороскопските знаци планираат љубовен состанок?

Рак – Тивка вечера во домашни услови и зготвена дома, се разбира, кога се споделуваат длабоки интимни тајни (се подразбира дека домот на Ракот е во близина на неговата мајка) 

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Ќе имате трошоци поврзани со дете, внуче или лична прослава на млад човек. Родители кои имаат возрасни деца ќе споделат заеднички финансиски акции, разговори во врска со генерални трошоци или инвестиција.
Ладење на односите во семејство е можно. Недостаток на емоционално разбирање меѓу сопружници. Спорови лесно ќе искрснуваат. Незадоволство од комуникацијата помеѓу членовите на семејството.
Можеби ќе бидете вклучени во лекување и нега на момче или млад човек.
За мажи-Овен до 35 години ќе има анксиозност поврзана со чекање на развој на некој настан, предлог, средба или разговор.

Маркетинг

БИК (21 април – 20 мај)

Пазете се од ветувања во врска со ’лесна’, безгрижна иднина. Бидете особено внимателни со примамливи понуди и предлози поврзани со патување, работа или живеење во странство.
Пазете се и од каква било форма на измама, манипулација поврзани со луѓе, организации или компании кои не се во вашиот град или држава.
Емотивно, оваа недела ќе биде променлива. Ќе имате моменти на паника, олеснување, радост или тага. Ќе чувствувате дека ви недостасуваат луѓе од доверба.
Веројатност за тензии во вашата врска со колега или клиент, како резултат на љубомора, себичност, барање лична добивка и друго.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Виртуелни состаноци или контакти со луѓе со кои само што не сте се сретнале/запознале.
Заемно корисни разговори или заедничка акција со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец.
Важни разговори во вашиот дом поврзани со пари, општи трошоци и идни инвестиции. Одлука или извршување одредени задачи и активности поврзани со семејниот буџет.
Интересен развој ќе имаат плановите и активностите поврзани со домување или дополнителен имот.
Очекувајте настан поврзан со машко лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Неговите активности ќе имаат влијание врз вашиот личен или професионален живот до крајот на овој месец.

РАК (21 јуни – 20 јули) 

Неочекувани лоши вести може да ги променат вашите планови оваа недела.
Може да не ве загрижуваат директно, туку да се поврзани со семејството, професионалниот или социјалниот живот.
Ќе ве изненади некој вид загуба или кражба во домот на роднини, пријатели или соседи.
Вест или настан во животот на девојка, млада жена ќе биде повод за размислување. Може да се појави потреба да разговарате со неа, но тоа ќе изискува претходна ментална подготовка што ќе ù кажете. Погодна недела за решавање проблеми или потешкотии поврзани со неа.
Може да имате успех во работа, производство или услуги насочени кон женскиот пазар.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Важна недела за контакти со родителите или постари роднини.
Претстои настан поврзан со лице или лица на возраст над 35 години. Се работи за прослава на личен празник, годишнина, успех и слично.
Судбината може да направи да запознаете посебна личност токму оваа недела, без разлика на кој начин ќе се случи тоа – во реалниот или виртуелниот свет.
Стар конфликт или проблем во семејството повторно може да се разгори со голема моќ и сериозно да им наштети на односите и со брачниот другар и со други роднини. Не дозволувајте им на емоциите да излезат од контрола, бидејќи е тешко да се состави скршеното стакло, нели?
Важна одлука, активности и обврски поврзани со имот или средства што не ги користите во моментот. Во некои случаи, можна е продажба на таков имот.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември) 

Оваа недела, ќе се ослободите од голем проблем, најверојатно поврзан со љубовна врска или семејни односи.
Поволни недела за лекување, опоравување и рехабилитација.
Сепак, неделава може да биде многу непријатна и непредвидлива доколку не сте успеале да изградите односи, или се изградени ама врз успешна лага или измама. Тоа ќе предизвика сериозен земјотрес, пореметувајќи го вашето чувство на стабилност и непобедливост. Конкретен настан ќе ве стави во ќор-сокак.
Претстојат настани, вести или собирања во врска со момче или млад човек – од вашиот дом или од поширокото семејство.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Финансиските интереси ќе бидат ваш приоритет. Добивање пари, разговарање и потпишување финансиски документи, договори и многу повеќе.
Средби, кои ќе имаат позитивно влијание врз решавање или стабилизирање на важни финансиски прашања.
Ќе разгледувате можности, предлог за нова работа или нов дополнителен стручен/деловен ангажман.
Шанса да добиете признание на работа или во бизнисот.
Можна помош и заштита од високи луѓе, ако постои таква потреба.
Веројатно ќе примите или испратите пари од/во друго место, како и други финансиски односи со луѓе кои се далеку од вас.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Може да ве загрижуваат различни прашања поврзани со дете и млад човек од вашето семејство или пријателската околина.
Некои вести може да создадат паника пред сите информации да се проверат и да се потврдат.
Проблеми со млада жена во знакот на Јарец, Девица или Бик. Може да очекувате акции од девојка или млада жена, коишто ќе ве дискредитираат.
Неочекувана надеж за излез од тежок период во одредена област од животот. Сето ова ќе се случи на некој чуден начин кој ќе ве натера да размислувате за скриените работи во нашите животи. Ќе сфатите дека, всушност, тие скриени работи понекогаш ви го дефинираат животот, без оглед на желбите и напорите.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Може да ве израдува подарок или гест на внимание и од роднина и од луѓе со кои имате професионални или соседски контакти.
Недела поволна за средување на документи или други дејствија поврзани со домот, автомобилот или друг скап имот.
Разделба од лице кое лично си ја гради својата судбина со негативни постапки, зборови, со начинот на живеење.
Претпазливо прифатете го интересот на непознати/странци за вас.
Ќе ве изненадат неочекувани добри вести за вас лично во врска со пари, профит, зголемување на платата и друго.
Можете да си ја испробате среќата на лото, ама со малку пари.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Добри вести што се однесуваат на идно мајчинството, раѓање/ крштевки или роденден на бебе. Децата ќе имаат повод за специјални настани или собирања – и дома и кај роднини/пријатели.
Постапките на една девојка или млада жена може да ве натераат да донесете важна одлука или промена на вашиот став кон неа, но бидете внимателни… Можно е да сте жртва на добро обмислен план, манипулации со цел да се исполни нечија туѓа желба и цел.
Проблеми или пречки во врска со претстоен состанок/собир. Причините за ова може да бидат најразлични: присуство на луѓе кон кои имате непријатни чувства, повеќе од една обврска во исто време и слично.
Контакти со луѓе кои ќе имаат причина да плачат, да се жалат и бараат помош или совет од вас.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари) 

Оваа недела ќе имате корист на некој начин од активности на машко лице. Можно е да добиете помош, совети, заштита, предлог, итн од човек кого го знаете и на кого може да се потпрете за коректност.
Посебен момент ќе доживеат мажите-Водолија над 35 години. Ова би можело да биде пресвртна точка кон промена или успех во животот.
И покрај големите очекувања што ги имате за успех на еден план, потфат или желба, оваа недела може да подлегнете на некои песимистички расположенија. Желба може да се појави да го откажете планот или да инвестирате енергија и ресурси во нешто друго…
Љубов, проблеми, недоразбирања. Расправии околу ситници, дејствија на себичност. Недостаток на трпение и толеранција може да им се закани на сериозни врски. Во случај да не се постигне помирување, тоа може да доведе до привремен или траен прекин на вашата врска.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

За жените над 35 години може да се јави потреба за патување или за некој вид ангажман порвзан со патување.
Некои од вас може да запознаат жена од друго место или да сретнете некој кој е накратко во вашиот град.
Други, пак, може да разговараат за идеја, предлог за работа поврзана со патување, комуникации, туризам, транспорт и друго.
Ќе имате финансиска поврзаност со момче или млад човек. Можно е да дадете, испратите пари на такво лице или, пак, да добиете пари.
Мажите-Риби до 35 години ќе добијат, ќе дискутираат и ќе потпишат финансиски документи, договори.
Очекувајте продолжување на конфликт, контроверзии, конфронтација со личност со којашто веројатно имате заеднички професионални контакти. Веројатноста за помирување оваа недела е незначителна.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, а за месечниот хороскоп за јануари 2016 година кликнете овде.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button