Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Овните ќе ги остварат своите шанси, а Водолиите ги чека љубовен огномет

Реклама

 

РАК (21 јуни – 20 јули)

Маркетинг

Работа

Оваа недела ќе ви биде исполнета со многу активности и важни случувања. Не заостанувајте со вашите обврски, зашто тоа може скапо да ве чини. Доколку се занимавате со приватна работа, тогаш обрнете повеќе внимание на вашите деловни партнери, зашто непочитувањето на договорите може да ви донесе само негативности.

Маркетинг

Љубов

Во односот со саканата личност ќе забележите некоја форма на емотивно незадоволство. Можеби ќе имате причина за да се чувствувате така, а можеби тоа ќе биде плод само на вашатафантазија. Оние кои се слободни постојано ќе излегуваат и ќе се дружат, но нема да остварат никаков љубовен контакт.

Здравје

Можни се проблеми со варењето.

Хороскоп што не го знаете – смешната страна на секој знак >>

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Работа

Добро е што научивте од претходните свои грешки, па веќе умеете да го направите вистинскиот потег и да ги донесете вистинските избори. Покажете самоувереност, но и малку дипломатија, со цел да го добиете она што го сакате.

Љубов

За да се зближите повеќе со вашиот партнер, бидете креативни и органиирајте некои дружења и излегувања со вашиот партнер. Бидете во движење, помалку зборувајте, повеќе сакајте се. Осамените Лавови ќе имаат средба со бивш партнер или со некој кој го познаваат од порано и кој им буди убави спомени.

Здравје

Ќе имате доста енергија, но внимавајте да не дојдете до целосна исцрпеност.

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Работа

Ќе имате некои ситуации кои накратко ќе ве дестабилизираат. Тоа може да бидат некои случајности, како губење документи и слично, но може да биде и нешто посериозно, односно некои работи да не се одвиваат според планираното. И покрај ова, вие лично ќе бидете добро и точно ќе знаете што ви треба за да излезете од сите проблеми.

Љубов

Бидете внимателни и не копајте по вашето минато, затоа што партнерот може да го почувствува тоа. Не дозовлувајте беспотребно да се појавуваат сомнежи кои понатаму ќе ви влијаат на целокупниот однос. Доколку сте слободни, ќе забележите дека некој колега е заинтересиран за вас. Но, вие и понатаму ќе бидете преокупирани со друга личност која ви стои во мислите уште одамна.

Здравје

Грлото и стомакот ќе ви бидат доста чувствителни.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button