Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Неделен хороскоп: Овните ќе ги остварат своите шанси, а Водолиите ги чека љубовен огномет

Реклама

Хороскоп од 06.08 – 12.08.2018 година!

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Работа

Маркетинг

Оваа недела ќе имате добри предуслови за квалитетни односи со вашите соработници. Ќе имате повеќе поволни шанси, а и ќе ги остварите вашите замисли. Извесно време ви беше тешко да се прилагодувате, но сега комплетно ќе успеете во тоа.

Љубов

Оваа седмица ќе ја подобрите комуникацијата со саканата личност. Помеѓу вас ќе се забележува страст и емоции, а „хемијата“ првенствено ќе доминира на ментално ниво. Оние кои се слободни ќе наидат на нови личности со кои ќе флертуваат, но нема лесно да се откажат и од старите љубови…

Здравје

Ќе бидете полни со енергија, но и малку мрзеливи.

БИК (21 април – 20 мај)

Работа

Оваа недела повторно ќе мора да обновите некои соработки, со цел да решите одредени ситни проблеми. Во одреден момент ќе имате и полош однос со вашите шефови, затоа што тие ќе сметаат дека не сте доволно ажурни и дека не ги завршувате своите обврски. Ова е важен период за оние кои се занимаваат со приватна работа.

Љубов

Еден ден љубовна идила, друг ден вистинска војна. Така ќе функционираат Биковите кои се во врска или брак. Во суштина, ќе има моменти кога кај вашиот партнер ќе ви пречат многу работи, но разликата е што некогаш ќе ги толерирате, а некогаш не. Ако сте слободни, тогаш очекувајте во вашиот живот да се вовлече нова личност.

Здравје

Можни се проблеми со кожата и алергиски реакции.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Работа

Оваа недела бидете целосно фокусирани на вашите работни обврски, но и на вашите изјави. Одлучувајте разумно, а не импулсивно, па може да постигнете доста интересни и примамливи договори. Моментално мозокот ви е најсилното оружје – искористете го!

Љубов

Бидете отворени и кажете ѝ го на саканата личност она што го мислите, со цел да ги избегнете незгодните моменти и расправии. Доколку сте слободи, оваа недела буквално „ќе ви тргне“ од повеќе страни, зашто ќе имате повеќе додворувачи, како стари, така и нови.

Здравје

Избегнувајте го топлото време и одморајте се повеќе.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button