Реклама
Рецепти

Босанска мрзлива пита (кљукуша) со компир (рецепт)

Реклама

Кљукушата е старо традиционално босанско и херцеговинско јадење кое се подготвува брзо и лесно, а е многу вкусно.

Има многу различни рецепти за оваа пита, но сепак за најубава се смета онаа со компир која е вистински класик на босанската кујна. Ова е многу економичен оброк во кој ќе ужива целото семејство. Се смета дека питата е поубава кога е потенка, но вие слободно можете да експериментирате.

Маркетинг

Потребни состојки:

– Околу 2 килограми компири
– 200g брашно,
– 150 ml масло,
– Сол и бибер по вкус
– 2 главици кромид (или 2 страка праз),
– Парче путер.

Маркетинг

Подготовка:

Излупете ги компирите и изрендајте ги на крупно ренде. Оставете убаво да се исцедат а потоа во нив додадете го маслото и зачините. На крајот додадете го и брашното и се убаво измешајте со рацете. По желба можете да додадете и ситно исечкан кромид. Исто така, по желба можете да додадете и исечкани тиквички. Вклучете ја рерната на 250C и ставете го убаво подмачканиот плех (од рерната) да се загрее. Во загреаниот плех сипете ја смесата и печете околу половина час. Пред самиот крај намачкајте ја со путер и повторно вратете ја во рерната да се запече. Кога убаво ќе порумени одозгора, питата е готова.

Пријатен апетит!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button