Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва за здравје на душата и телото

Реклама

Сите понекогаш се наоѓаме во ситуација кога чувствуваме болка, и телесна и душевна. Во такви моменти да се помолиме за здравје…

ФОТО: pickpik.com

Исусе, цврсто верувам во Тебе. Ако сакаш, можеш да ми даруваш здравје и на душата и на телото. Знам дека тоа го можеш и го сакаш. Ти благодарам Исусе. Погледни ме и смилувај ми се. Исцели ме и оздрави ме.

Исусе Христе, цврсто верувам во Тебе и љубам над се’. Те славам и ти се заблагодарувам. Ти си за мене единствениот пат, единствената вистина и живот. Те молам благослови ме мене, ова место и овој простор. Оспособи ме за молитва. Избави ме од сите гревови. Ослободи ме од стравот и отстрани го сето она од мојот пат што ме спречува да дојдам до тебе.

Маркетинг

Дарувај ми милост и помогни ми да се видам себеси онака како што ме гледаш Ти. Исусе, ти си ист секогаш. И денес ја имаш истата моќ како и вчера. Смилувај ми се и послушај ја оваа моја молитва. Ти се предавам, води ме каде што Ти сакаш. Ти најдобро ги познаваш корените на моите маки, неволји и проблеми. Ги познаваш болестите од кои болувам, што преживеав до сега и што ме снајде во животот. Те молам, излечи ми ја душата, телото и психата.

Те молам, благослови ги и моите блиски, врати им го здравјето, излечи ги од сите рани. Имај милост кон сите. Биди им благ и милостив. Те молам дарувај ни го она што е за наше добро. Нека секоја неволја биде далеку од нас. Ако пак нешто не’ снајде, помогни ни што побргу да се ослободиме. Те молам, излечи ги нашите тела и нашите души. Амин.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button