Поранешната цимерка на Меланија објаснува зошто првата дама на Америка се уште го има тој „одвратен“ акцент
Меланија понекогаш звучи чудно кога го зборува каубојскиот јазик…
Поранешната цимерка на Меланија Трамп, Викторија Силвстед откри зошто првата дама на Америка се уште го има тој ужасен акцент кој е специфичен за луѓето што живеат на нашите простори. Нејзиниот тврд изговор на поедини зборови не можете да не го забележите во нејзиниот говор, а според нејзината цимерка ова е последица на социјалната изолација на Меланија. Имено, Викторија која по потекло е од Шведска живеела со Меланија во 1997 година во Париз кога заедно граделе кариера како модели. И додека нејзината цимерка постојано лудувала и ги посетувала сите забави на кои ќе ја поканеле, Меланија постојано останувала дома сама и не се дружела со луѓето. „Никогаш не сакаше да биде во центарот на вниманието. Секогаш беше тивка и повлечена. Таа се уште го има таквиот акцент бидејќи никогаш активно не го користела англискиот јазик . Таа воопшто не се обидуваше да разговара со другите како би го унапредила“, објасни Силвестед за „PageSix“. Атрактивната Швеѓанка последен пат ја видела Меланија минатата година и вели дека воопшто не се променила. „Неверојатно, но таа се уште е истата. Се уште сака фенси работи и се уште го има тој ужасен акцент“.
Но овој проблем го нема само Меланија.
Истиот говор може да се забележи кај многу Балканци што живеат во земјата на бизоните, особено кај оние кои не се родени во Америка.