Реклама
Холивуд

Меган Маркл не сака да носи традиционален фустан – погледнете како ќе изгледа венчаницата на идната принцеза!

Реклама

Меган Маркл ќе носи модерен и сексапилен фустан, за разлика од романтичниот модел што го носеше Кејт Мидлтон

Меган Маркл не се откажува од својот единствен моден стил. Тоа го докажуваат и светските медиуми кои пишуваат дека Меган посакува нејзиниот невестински фустан да го осмисли познатата израелска дизајнерка Инбал Дрор. Инбал потврди дека кралското семејство веќе ја има контактирано, па најави дека можеби и Меркл ќе носи венчаница со нејзин потпис на венчавката што треба да се случи оваа пролет, пишува „Daily Mail“.

Маркетинг

Веднаш потоа порталот „TMZ“ објави скици од фустанот кој би можел Маркл да го носи, секако ако ги задоволи високите критериуми на идната принцеза која е позната како дама која држи до својот стил. Како што можете и сами да видите од фотографиите фустаните на оваа дизајнерка се познати по сексапилните кроеви кои го нагласуваат женското тело, се поигруваат со пропорциите, но и користат најфини материјали како свила и тантела.

Маркетинг

Од ова очигледно е дека идната принцеза и сопруга на принцот Хари ќе носи модерна креација која ќе биде многу поразлична од онаа на Кејт.

На следната страна погледнете неколку венчаници од Инбал Дрор како и прекрасниот фустан што го носеше Бијонсе на доделувањето на Греми наградите во 2016 година >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button