Диети

Медицинска диета – што е дозволено, а што не при заболување на црниот дроб

Реклама
Реклама

Црниот дроб како орган е изложен на напади на многу болести предизвикани од надворешни фактори, начинот на живот, или пак болестите на црниот дроб се јавуваат како последица на некои патолошки состојби во организмот, чии продукти се метаболизираат во црниот дроб и на тој начин го оштетуваат.

Маркетинг

Најчестите болести на црниот дроб се акутен и хроничен вирусен хепатитис (предизвикан од вирусите А, Б или Ц), алкохолна болест на црниот дроб, токсични и медикаментозни оштетувања на црниот дроб, цироза на црниот дроб (алкохолна, билијарна, Вилсонова цироза) и тумори на црниот дроб.

Независно од етиологијата на болестите на црниот дроб, заедно со конкретната терапија за секоја од нив, се препорачува една единствена медицинската диета за сите заболувања на црниот дроб.

Дозволена храна и пијалаци

Маркетинг

Супи: немасни супи од месо, супи од зеленчук (во супата можат да се додадат сите видови на тестенини, ориз или гриз).
Месо: немасно телешко, младо немасно говедско, немасна (бела) риба, кокошкино, мисиркино месо
Зеленчук: компир (варен, пире), спанаќ, карфиол, цвекло, морков, шпаргла, тиквички, блитва, домати, свежи краставици
Тестенини: сите видови на леб, пецива, бисквити, переци, палачинки, сите врсти на варени тестенини, кнедли од гриз или ориз, пудинзи.
Овошје: сите врсти на овошје (свежо или варено), компоти, природни овошни сокови.
Слатки јадења: суфле од ориз или гриз, мармалад, џем, мед.
Останати јадења: гриз, ориз, пченкарно брашно, овесни снегулки, свежо кравјо сирење, јајца, а грав, репа, кељ, зелка, леќа и ротквици – доколку поднесува пациентот.
Салати: зелена салата, блитва, домати, цвекло, карфиол. Сите салати можат да се зачинат само со малку јаболков оцет или со сок од лимон.
Пијалаци: чај, кафе (што е можно поблаго), негазирана вода, млеко, топло чоколадо.

За подготовка на храната дозволено е во текот на денот да се употребат вкупно 60 -80 грама маснотии , за сите оброци, и тоа масло или путер. Јадењата можат да бидат умерено засолени, доколку докторот не одредил (поради други лабораториски вредности) храна без сол.

Не смеат да се јадат премногу жешки јадења ниту пак да се пијат многу жешки пијалаци. Храната треба да биде убаво подготвена, вкусна, разновидна, за да може да се изеде одредената дневна количина. Треба да се јаде во помали оброци, неколку пати на ден.

На прво место во исхраната треба да бидат јаглехидратите и белковините (брашно, ориз, гриз, мармалад, мед, природни овошни сокови, леб, немасно говедско и телешко, свежо кравјо сирење, јајца и млеко). Дневниот оброк треба да содржи околу 120 – 150 грама белковини, а само 60 – 80 грама масти, а останатото треба да бидат јаглехидрати.

Ориентационо: 300 грама месо = 60 грама белковини, 250 грама свежо кравјо сирење = 40 грама белковини, 1 литар млеко = 35 грама белковини.

Забранета храна и пијалаци

– Свинска и гускина маст, сланина, путер, високо мастен маргарин, лој
– Суво месо, колбаси, свинско, масно говедско, патка, гуска, гускина јетра, салами, чварки, месни конзерви, кавијар, товен шаран
– сос од лук или кромид, сенф, мајонез, сите сосови од печено месо
– сите зрели сирења и кашкавали, масни и/или сушени
– бадеми, ореви, лешници
– феферони, пиперки, јаки зачини и преливи, мускатно оревче, бибер

НАЈСТРОГО СЕ ЗАБРАНЕТИ СИТЕ АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ. ТРЕБА ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ПУШЕЊЕТО.

извор: Mojdoktor

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button