Реклама
Хороскоп

Пред да започнете врска со овој хороскопски знак, запрашајте се дали имате доволно нерви и трпение да се справите со него

Реклама

mazbliznak1

На машкиот близнак не му е потребна силна емоционална врска за да ве посака во неговиот кревет. Не му е потребно да му ја докажувате вашата љубов пред да ја поминете првата заедничка ноќ. Тој сака само да ја прифатите неговата сексуална слобода, која може да биде и помалку перверзна. Бидете авантуристички расположени со него. Пробајте повеќе пози од Кама Сутра и кажете му дека ги обожавате. Тој сака валкани зборови и внимание. Ако, пак, некогаш почувствувате дека ви фали нешто повеќе во сексот, имајте на ум дека машките близнаци го обожаваат оралниот секс.

Ако со машкиот близнак сакате долга врска, не му кажувајте дека „работите на случајот“ затоа што ќе се исплаши и ќе побегне од вас. Неговиот личен простор и разновидноста во врската се клучни за да го задржите за себе. Изненадувајте го со рачно напишани пораки или со мали подароци, уживајте во заеднички активности, но тоа нека не изгледа како да градите цврста врска. Задоволувајте ја неговата љубопитност, бидете забавна и ќе го задржите за себе.

Маркетинг

Процесот на заведување на машки близнак е многу забавен. Бараат многу да ги освоите, но кога ќе дојде време да ги соберете плодовите од вашиот труд нема да зажалите. Нема лесно да ве напуштат освен ако не им стане здодевно со вас. Тие секогаш делуваат како да знаат од сè по малку, па со нив постојано ќе учите по нешто ново. Сакаат постојано да испробуваат нови нешта, многу се енергични, среќни и позитивни.

Тоа сакаат да го споделат со некого, а тоа можете да бидете токму вие.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2

Поврзано

Back to top button