Реклама
Хороскоп

Пред да започнете врска со овој хороскопски знак, запрашајте се дали имате доволно нерви и трпение да се справите со него

Реклама

Mажите близаници се родени во двоен знак – во еден момент можете да ги мразите поради нешто, а веќе во следниот нема да можете без нив.

mazbliznak2

Природно љубопитен и секогаш во потрага по нова авантура, машкиот близнак постојано ги менува своите мислења, ставови и потреби. За да излезете на крај со него треба да бидете многу флексибилни и, ако можете, понекогаш да си ги задржите вашите мислења за себе.

Маркетинг

Тие е интелигентен, флексибилен и лесно приспособлив. Ќе го привлечете ако и кај вас ги забележи истите особини. Тој е енергичен и сака постојано да биде во движење. Сака и ментален и физички стимул, па затоа најмногу ужива во состаноци кои вклучуваат некаква активност. Пешачење во природа е одлична идеја за средба со него, исто како и возење велосипед, па дури и партија кошарка. Сакаат многу да се забавуваат, па ако знаете дека се спрема луда забава која можете заедно да ја посетите, тоа е одлична можност да го воодушевите вашиот сакан маж-близнак. Но за да ја разгорите страста кај машкиот близнак прво ќе треба да го окупирате неговиот ум. Главниот трик во вашата освојувачка мисија е да го држите неговото внимание кон вас со интересни разговори. Ако знаете нешто за нивните омилени теми кое тие не го знаат, веднаш ќе се впуштат во разговор. Сака да зборува буквално за сè, вклучително и за себе и за своите размислувања, а ја мрази непријатната тишина на средина од разговорот. Машкиот близнак сака да се забавува и многу да се смее. Потребен ви е лесен и едноставен муабет, но не заборавајте да имате спремно неколку теми за разговор во ракавот за во моментот кога ќе ви „пресуши“ првата. Запомнете: патот до срцето на близнакот е преку неговиот ум.

Премини на следната страна >>

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button