Реклама
MAMAКафе муабет

Кој вели дека постојано треба да бидете среќни? Дозволете си емоциите да испливат на површина!

Реклама

Многу луѓе се трудат постојано да бидат среќни пред другите, глумејќи и прикривајќи ги своите вистински емоции. Но, кој човек е секогаш среќен? Зошто среќата да се претвора во нешто вештачко? Зошто другите очекуваат ние секогаш да бидеме насмеани и учтиви?

ФОТО: mnn.com

Среќата лежи во ист кош со другите емоции. И таа е ограничена и не е ништо чудно ако понекогаш пуштиме солза пред другите или пак ако покажеме дека сме малку натажени. Сите луѓе во животот имаме подеми и падови. Некои од нив сме ги поминале лесно, за некои ни требало повеќе време, а со некои уште се бориме… Но, ако постојано ја лажираме среќата, нема да уживаме кога вистински ќе дојде.

Затоа, дозволете си емоциите да испливаат на површина. Сите емоции. Бесот, тагата, среќата… Минуваат деновите, месеците, годините… работите се менуваат, така се менувате и вие и вашето расположение. Така стануваме онакви какви што сме – уникатни. Престанете да се грижите за тоа секогаш да изгледате среќно пред другите, бидејќи тоа не е вашата реалност.

Маркетинг

Најдобро е да се запрашате себеси: Дали сум добро? Дали добро го искористувам она што ми го нуди животот? Дали успевам да ги надминам проблемите? Дали го наоѓам својот пат во средина на оваа борба? Дали попатно учам од она што ми се случува? Некогаш среќата доаѓа почесто да ве посети, некогаш стои подалеку од вас. Но секогаш треба да имате на ум дека животот е тркало. Најважно е да му се заблагодарите на Бог за секој нов ден и да запаметите дека после секој дожд доаѓа сонце.

 

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button