Реклама
Секс

Како да станеме и останеме оптимисти !?

Реклама

Нашата потсвест го одредува нашиот ментален став и степен на оптимизам, односно песимизам…

Од она што е ставено во потсвеста, зависи што ќе излезе на површина. Ако во канта за ѓубре ставете ѓубре, тогаш од неа можете да извадете само и единствено ѓубре!

Маркетинг

Ако својата глава ја полниме со негативности, тогаш само негативност, т.е. песимизам може да излезе надвор. Да не дозволиме нашиот ум да стане канта за ментално ѓубре!

Нашата потсвест регистрира 4 билиони податоци во секунда, нашата свест пак само 7 информации во секунда. Доколку слушаме радио или ТВ додека нешто правиме и мислиме дека ништо не сме се слушнале, само присетете се дека имате две уши кои слушаат сé, а потсвеста пак регистрира сé. Затоа треба да бидеме селективни со сите информации кои доаѓаат до нас и кога сме свесни за нив и кога не сме. Сé бива забележано на ниво на потсвест, која го диктира нашето однесување.

Маркетинг

Колку и да ни се чини нам дека свеста е таа која одлучува, тоа е сепак голема заблуда! Свеста во секој случај ќе ја донесе онаа одлука која што ја налага потсвеста и која што е во склад со потсвесните програми, без разлика што мислиме ние за тоа на свесно ниво. Свеста на крајот ќе пронајде добри образложенија за да се оправда себе си и објасни зошто сме постапиле спротивно од одлуката донесена на свесно ниво. Потсвеста е таа која што владее со нас, а нам ни останува да водиме сметка за тоа што сé има пристап до неа.

Избегнувајте негативности

alt 

Потребно е што помалку да се изложуваме на негативности, по можност да ги елиминираме истите! Во склад со тоа и сите дневни новости преку медиумите воглавно се непожелни, затоа што има малку убави и инспирирачки новости. Исто така е добро и да се ’менуваат програмите‘ на потсвеста, т.е. негативност ускладена со нашата потсвест.

За да стартуваме обратен процес, т.е претворање на песимисти во оптимисти, треба да се преземат следните чекори:

– Елиминирајте што повеќе негативности од својот живот, избегнувајте негативни теми кои создаваат лоши емоции кај вас, односно емоции кои не сакаме да ги умножуваме.

– Внесете во својот теми и луѓе кои се позитивни и кои инспирираат. Читајте инспиративни книги и текстови по медиумите (ретки, но сепак присутни!) и гледајте филмови кои ви предизвикуваат убави емоции. Тие (емоциите) се ви барометар до кој што треба да се држите.

alt 

– Користете техники со кои можете да ги менувате негативните емоции и лични убедувања кои ве ограничуваат и кои не ве водат до патот на личен и индивидуален напредок. Систематското менување на самите себе и своите лични лимитирачки програми ќе во помогне побргу да се менувате од песимист во оптимист, затоа што ќе бидете задоволни од она што го постигнувате!

– Воведете го прашањето „Како нешто може?“, наместо изјавата „Не може“, за секое нешто што ќе ви се појави како предизвик во животот или во секојдневието. Секогаш постои решение за сé, само треба да се пронајде. Изјавите од типот „не може!“ креираат непробоен ѕид кој што станува блокада при барање на решение. Прашањето „како може?“, го активира оној дел од нашиот ум кој бара решенија и на потсвесно ниво. На овој начин повеќе ќе постигнуваме и допринесуваме за позитивни искуства кои влијаат на нашиот ментален став.

alt

– Свесната промена на фокусот на позитивно кога забележиме дека сме фокусирани на негативности или пак на нешто се жалиме. Едноставно, помислете на нешто убаво!

Разбирањето на важноста на оваа промена од песимист во оптимист може да допринесе кон свесен труд кон потребни активности за да тоа се постигне.

Зошто да се биде оптимист наместо песимист:

alt 

– Песимистите се изложени на поголем ризик од рана смрт.

– Песимистите постигнуваат послаби резултати, затоа што често не веруваат дека нешто можат да го постигнат или дека истото ќе има добар исход.

– Песимистите честопати не се држат до здравите принципи на однесување.

– Песимистите често чувствуваат болки и со тоа на самите себе си ги потврдуваат негативните програми.

– Песимистите многу често се наоѓаат на погрешно место, во погрешно време.

– Песимистите имаат поголеми шанси да настрадаат во несреќа.

– Песимистите се помалку посакувани како вработени.

– Песимистите се помалку омилени во друштво.

Поврзано

Back to top button