Реклама
Рецепти

Како да направите чипс во микробранова печка

Реклама

Сите што внимаваат на линијата го одбегнуваат чипсот на полиците на продавниците затоа што е многу солен и калоричен.

Но, тоа не значи дека воопшто никогаш не треба да си го дозволите ова задоволство. Добрата вест е што многу брзо и лесно можете сами да си направите чипс дома по ваша мерка и тоа во микробрановата печка. Оваа рецепта е вистински хит на интернет, па време е и ние да ја пробаме!

Маркетинг

Се што треба да направите е да набавите црвени компири за печење, убаво да ги измиете и со помош на ренде да ги исечете на многу тенки плочки. Исечените компири потоа ставете ги во еден сад и испрскајте ги со маслиново или некое друго масло и се добро измешајте. Потоа плочките компири наредете ги на чинија која може да се употребува во микробранова печка и зачинете ги со сол и други зачини по ваша желба и ставете ги да се печат.

Маркетинг

Чипсот се пече на следниов начин: ставете ја чинијата со чипс во микробрановата и печете 2-3 минути. Извадете ја чинијата, свртете го чипсот од другата страна па печете уште 2-3 минути. Извадете и оставете убаво да се излади.

Печете ги компирите во неколку тури бидејќи треба убаво да бидат распоредени на чинијата. Кога ќе бидат готови краевите ќе им се свиткаат и ќе станат крцкави.

Чипсот можете да го послужите со вашиот омилен сос. За топлите денови најдобро е да направите некој освежителен сос како цацики кој ќе го направите така што едноставно ќе измешате цврст јогурт (или павлака) со свежо изрендани краставици, и ќе додадете малку лук, ситно исечкана мирудија и зачини по вкус.

Откако ќе го пробате овој чипс веќе никогаш нема да посакате да си купите чипс од продавница!

Извор: One thing by Jilee

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button