Диети

Ајде да се вратиме кон основата! 7 начини како да направиме нашата диета да биде поздрава

Реклама
Реклама

Дали сакате да се чувствува повитално здрави? Или да изгубите малку тежина таман за лето?

Една шака бадеми со зелен чај, или овошје помеѓу оброците е почеток во вистинската насока!

Маркетинг

Постојат толку многу диети, така што може да се збуните која тактика да ја следите, а здравата исхрана може да ви стане мачна домашна работа. Еве што вели Елизабета Монтгомери, холистички нутриционист, за некои лесни совети за здрава исхрана. „Чиста вистината е дека сите сме единствени и имаме индивидуална исхрана и начин на живот“, вели Елизабет, „но, едно е сигурно: човечкото тело бара изобилство на храна од растителното царство во нивната природна неизменета состојба за блескаво здравје и долговечност.“

Па, еве совети за тоа како да се вратите на основите принципи…

Маркетинг

1) Од помош е полека да додавате здрави опции бидејќи на центрите за вкус во јазикот им треба време да се прилагодат на нова храна. Клучот е да вклучите многу здрава ужина: една шака бадеми со зелен чај, или овошје помеѓу оброците е почеток во вистинската насока.

2) Пијалаците (овошни, млечни) се одлични за појадок, особено за време на топлите летни месеци. Обидете се да го замените традиционалното овошје и млечната верзија со многу поздравиот зелен пијалак. Блендирајте многу зелени зеленчуци со некои алги богати со протеини  (суперхрана), кремасто авокадо и малку кокосова вода – да го започнете денот со енергија и да го стабилизирате шеќерот во крвта.

Не заборавајте да пиете 6-8 чаши чиста филтрирана вода секој ден!

3) Секогаш имајте при рака свежо овошје. Овошјето е вкусна храна богата со вода која е вистинска гозба во текот на летото. Замислете ги прекрасните јагоди и малини, или оладената лубеница, како ви помагаат да ја победите топлината.

4) Соодветната хидратација е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Не заборавајте да пиете 6-8 чаши чиста филтрирана вода секој ден. Обидете се со додавање на неколку парчиња краставички или лимон за одличен вкус.

5) Воведете сурова храна во вашата исхрана. Клучот е да се фокусирате на додавање на одредена сурова храна, наместо отстранување на варената. Ова е многу пореален пристап кој осигурува дека суровата храна ќе стане редовен дел од исхраната. Обидете се со салата пред зготвен оброк, или замена на чипсот со житарки и моркови. Трикот е да бидете креативни, а сепак да уживате во храната.

6) Наместо да го пржите, печете или варите, пригответе го зеленчукот на лесна пареа. Ова е брз начин на готвење, а помага да се зачуваат виталните хранливи материи и вкусот!

7) Размислете за салата пред јадење или дури и како оброк сам за себе. Салатите изобилуваат со фитонутритиенти (’фито’ значи растение) и антиоксиданси што им пркосат на стареењето. Не заборавете да додадете протеинска компонента како грав или козјо сирење – ќе помогнат да бидете сити подолг временски период.

Елизабет Монтгомери е холистички нутриционист со седиште во Лондон која ja проучува и истражува исхранатa, источната медицина, астрологијата и медицинските исцелувачки практики многу години. За да договорите приватни консултации, посетете ја страницата www.holisticnutrition.co.uk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button