Реклама
BEAUTYДиети

Јогурт диета: Отстранете и до 4 килограми за само три дена!

Реклама

За сите оние кои сакаат брзо да изгубат некој вишок килограм и притоа да изгледаат одлично во својот вечерен фустан, оваа диета ќе им биде од големо значење. Всушност, таа се заснова на благодетите на пробиотичките јогурти кои го поттикнуваат здравјето на цревната флора. Благодарејќи на нив храната побрзо се вари, па од телото се отфрлаат токсините. Во продолжение погледнете пример за исхрана доколку се одлучите за оваа диета од три дена.

Прв ден

За појадок изедете еден овошен или обичен јогурт со ниска масленост, заедно со житарици по ваша желба. За ручек може да си подготвите зеленчук со ориз и маслиново масло. Освен сол и бибер, не ставајте други зачини. За десерт изедете еден овошеј јогрт. За вечера одберете салата од омилениот зеленчук, а притоа консумирајте и јогурт со ниска масленост.

Втор ден

За појадок изедете салата од краставици, зачинета со јогурт. За ручек испечете пилешко на маслиново масло, а како прилог додајте шампињони, домати и пиперки, заедно со јогурт. За вечера препорачливо е овошен јогурт со шумско овошје.

Маркетинг

Трет ден

За појадок земете јогурт со јаболка и малку цимет (по желба). Ручајте риба со салата од краставици и јогурт (може да додадете и сенф по ваша желба). Вечерајте 100 грама тестенини, додајте исечкана пиперка и варено јајце, а притоа консумирајте и јогурт.

Дополнителен совет: Не практикувајте ја оваа диета подолго од три дена, со цел да не го оштетите вашето тело за дополнителните витамини. Диетата може да ја повторувате по одредено време, па потоа да се вратите повторно на урамнотежената исхрана.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button