Диети

Храна за слабеење

Реклама
Реклама

Изберете ги вистинските намирници и слабејте без гладување и одрекувања!

Маркетинг

Доколку сакате да изгубите некој килограм не морате да ги намалите порциите или пак да гладувате. Освен колку јадете, многу е важно и што јадете, каков вид на храна избирате, затоа што одредени намирници можат да ви помогнат побргу да ослабите така што го поттикнуваат согорувањето на калориите и го намалуваат чувството на глад. Нутриционистите препорачуваат неколку намирници кои ќе ви помогнат да бидете и поздрави и послаби:

Кељ

Кељот е вкусен листест зеленчук кој треба што почесто да е застапен во вашите оброци. Една шолја сиров исечкан кењ содржи 34 калории и околу 1,3 гр. влакна, како и многу железо и калциум. Доколку сепак не ви се допаѓа кељот, можете слободно да го замените со спанаќ, кој исто така е одличен избор.

Маркетинг

Овесни снегулки

Овесните снегулки се храна која најмногу заситува. За разлика од другите јаглени хидрати, овесните снегулки, вклучувајќи ја и инстант варијантата, многу бавно се варат и затоа малку влијаат нивото на шеќер во крвта. Можете да ги јадете за појадок со млеко или јогурт и овошје, но можете да ги користите и наместо лебни трошки за похување.

Леќа

Леќата е одлична за намалување на стомакот бидејќи содржи многу протеини и влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Таа го спречува зголемувањето на нивото на инсулин поради кој телото го складира вишокот маснотии, посебно во пределот на стомакот.

Јајца

Истражувањата покажале дека жените на нискокалорични диети кои за појадок јаделе јајца со тост изгубиле два пати повеќе килограми од оние кои јаделе пециво со иста калориска вредност. Значи, јајцата можат да ви помогнат да ослабите. Протеините од јајцата многу заситуваат и затоа се препорачува јајцата да се јадат претпладне а не подоцна во текот на денот.

Лосос

Рибите се корисни за спречување на срцеви болести, но и за слабеење. Омега 3 масните киселини допринесуваат за зајакнување на мускулите и намалување на масните наслаги на стомакот, а знаеме дека што повеќе имате мускули, толку повеќе калории согорувате.

Јаболка

јаболките се многу корисни за одржувањето на линијата. Ако изедете едно јаболко пред оброк ќе изедете помалку калории во оброкот. Јаболките сдржат многу влакна (4-5 гр.) поради што заситуваат, а антиоксидансите што ги содржат го забрзуваат метаболизмот.

Хељда

Наместо компири, ориз или тестенини, можете да пробате да ја вклучите хељдата во вашето мени како еден вкусен и различен прилог. Набргу ќе видите позитивни промени во линијата. Хељдата содржи многу влакна, но содржи и протеини. Се подготвува едноставно така што се вари, како и оризот. Освен како прилог можете да ја јадете и како главно јадење, во комбинација со сос од печурки, со зеленчук или со варива.

Јунешко месо

Можеби ви звучи чудно, но јунешкото месо може да ви помогне да ослабите. Истражувањата покажале дека жените кои во рамки на диетата јаделе црвено месо изгубиле повеќе килограми од оние кои јаделе храна со иста калориска вредност, но со многу помалку јунешко. Протеините од црвеното месо всушност помагаат да се задржи мускулната маса во текот на слабеењето.

Боровинки

Боровинките се многу здрави, содржат високо ниво на антиоксиданси, а една шолја содржи 3,6 гр. влакна. Влакната можат да ја спречат апсорпцијата на маснотии бидејќи ги повлекуваат со себе низ дигестивниот тракт.

Калинка

Освен тоа што е полна со витамини, антиоксиданси, фолна киселина и железо, калинката содржи малку калории а многу влакна. Најдобро да се јаде сирова, сама или во салата.

Чили

Зачините го забрзуваат метаболизмот. Состојката капсаицин има термички ефект, што значи дека вашето тело согорува повеќе калории 20 минути откако ќе изедете чили. Исто така, лутата храна не можете да ја јадете брзо така што вашиот мозок има доволно време да регистрира дека сте сити, па нема да се прејадувате.

Јогурт

Обичниот јогурт е идеална храна бидејќи има одличен сооднос на јаглени хидрати, протеини и масностии, и го одржува нивото на шеќер во крвта. Според истражувањата, луѓето кои додека биле на диета пиле повеќе јогурт, изгубиле 61% повеќе маснотии од оие со слична исхрана, но без јогурт.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button