Диети

Најчести грешки при диета

Реклама
Реклама

Сте пробале најразлични диети во минатото, но ви изгледа дека никоја не ги дава посакуваните резултати – постојат грешки кои ги правите, а не сте воопшто свесни за тоа.

 

Маркетинг

 

Можеби сте успеале да се држите до одредена диета неколку дена, но сте попуштиле пред да помине целата прва недела! Сте успеале да се здобиете со добри нутриционистички навики, но некако повторно ви „избегале“. Знаете дека треба редовно да доручкувате, да пиете повеќе вода – но нешто изгледа се уште не е во ред.

Маркетинг

 

Еве неколку грешки кои се прават при водењето на диета, а за кои можеби се главниот виновник зошто не губите на тежина. Можеби во некоја од следниве точки се наоѓа клучот за вашиот досегашен неуспех.

Многу малку јадење!

 

 

Маногумина не знаат дека ако јадат премалку, ова ќе им одмогне при губењето на тежината! Човечкото тело е одлично за адаптација на секакви услови. Така да при недоволното внесување на храна во организмот, и она малку што влегува внатре, организмот почнува да го складира во салото (од каде што организмот подоцна црпи неопходни материи за да функционира), а мускулите ќе почнат да се исцрпуваат и намалуваат од недостатокот на енергија (последно нешто што го посакувате – бидјќи тие му ја даваат силата и дефиницијата на телото).

Се препорачува да внесувате околу 1 000 калории дневно (за мажи е повеќе), а доколку вежбате, тогаш ви треба повеќе од ова. Не престанувајте нагло да јадете, затоа што подоцна, кога ќе почнате нормално да јадете, телото повторно ќе ја врати старата тежина, без разлика што ќе јадете умерено.

Монотона диета

 

Многу практиканти на диета имаат обичај да пронајдат две – три „добри“ јадења и почнуваат да ги консумираат исклучив нив.

 

Проблемот е во тоа што на повеќето од нас им здосадува да јадат еднолична храна, секој ден. Ако вашиот оброк е сосема ист секој ден, пример четири, пет дена, ќе бидете во поголемо искушение да ја игнорирате диетата и да се упатите кон најблиската сендвичара!

 

Погрешна процена на количината

 

Кога се оддавате на диета, во умот постојано имате идеја дека треба да јадете храна без многу калории и маснотии, како на пример житарици. Притоа, најверојатно кога ги ставете истите во чинијата, сипате директно од кутијата, размислувајќи – една чинија е точно за еден оброк. Но наредниот пат кога ќе го правите тоа, обидете се претходно да ја прочитате препораката на пакувањето, за тоа колку треба да ставете во еден една чинија. Ќе се изненадите кога ќе видите дека најверојатно сте ставале дупло од она што треба.

 

Правење на план за вежбање

 

 

Додека ги гледате плановите за вежбање, во глават ви доаѓаат слики на витка става, разиграно тело кое е во постојана активност во теретана. Сето тоа е добро, но проблемот е во тоа што, ретко кој може да се задржи на таквиот план подолго време. Обидете се да направите листа на активности кои истовремено ќе ви претставуваат и забава и вежба – пешачење, пливање, скејтање, ролерки и сл.

 

Ќе го имате истиот ефект, а истите активности нема да ги гледате како обврска

 

Импулсивно јадење

 

Ова е една од најчестите грешки кои се прават. Можеби некој од колегите ќе донесе прекрасна и вкусна роденденска торта, или пак додека варите кафе или чај, раката сама ви посегнува и по колаче.

 

Кога ќе се најдете во ситуација да посегнувате по колачи или закуски, додека правите нешто друго, освестете се и помислете дали навистина сте гладни, или почнувате да јадете само затоа што искушението е таму?! Направете план да изедете едно или две колачиња после дваесет минути, па потоа можеби веќе нема ни да ви се јаде. Но, ако сепак решите да „грицнете“ нешто, правете го тоа со одреден ред.

Се грижите да не правите „арч“

 

 

Дали ви се случило некогаш да земете нешто да го изедете, за да не мора да го фрлите? Секако дека да… Но знајте дека ставајќи ги тие „остатоци“ во организмот, наместо во ѓубрето, ставате екстра килограми на себе со секое повторување на тоа. Обидете се во најмала рака, да ги оставите тие ситници за утре, ако веќе не ги фрлате. Но помислете, на долга патека, зарем не е поголем „арч“ да се дебелите и си го загрозувате здравјето, од колку да го трасферирате сето тоа во кантата за ѓубре.

 

Не треба да се биде премногу строг

 

Последната грешка која „диетџиите“ ја прават е ставањето на преголем напор во целата работа – и физички и психички. Честопати си ги забрануваат грото од јадењата, или дури пак ја пребројуваат секоја внесена калорија. Што ако изненадно треба да отидете со пријателите на вечера или нечија забава, роденден.. зарем не треба да ставите ништо во уста?

 

 

Опуштете се малку и за кураж удрете се самите по грб. Веќе правите голема жртва со самото ставање на планот на диета, односно на исхрана, па така едно опуштање од време на време, во никој случај не претставува крај на светот. Диетата не е по принципот: „Сé или ништо!“ Во никој случај не треба да бидете перфектни  и виртуоз за да изгубите неколку килограми, да го подобрите сопственото здравје и да дојдете до повеќе енергија.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button