Диети

Двопек диета – едноставна, но ефикасна!

Реклама
Реклама

Оваа диета е здрава диета бидејќи содржи големи количини на овошје, зеленчук и интегрални житарки кои се богати со многу витамини и минерали.

Маркетинг

Не вклучува месо и затоа е погодна и за вегетаријанци. Овој начин на исхрана се базира првенствено на внесување на храна богата со влакна како интегралните житарки и овошје и зеленчук. Иако не гарантира брзо топење на килограмите како некои брзи диети, доколку се придржувате на ваквите принципи на исхрана за релативно кратко време ќе се ослободите од вишокот на килограми и ќе се чувствувате полесно и поздраво. Најважно е правилно да се комбинира храната бидејќи на тој начин се забрзува варењето на храната, што е главен предуслов за успешно слабеење. Компирот секогаш треба да се јаде со зеленчук, варен или свеж.

Овошјето никогаш не треба да се јаде со друга храна или пак кратко време пред или по оброкот. Овошје треба да се јаде исклучително на празен желудник. Во текот на неделата јадете разни видови на зеленчук, за да ги внесете сите потребни витамини. Доколку јадете млеко и млечни производи треба да ги јадете како посебен оброк и да не ги комбинирате со друга храна за полесно и побрзо да се сварат.

Маркетинг

ПОЈАДОК

Голема чаша природен овошен сок. Најдобро е да пиете сок од цитрон или ананас бидејќи тие го поттикнуваат топењето на масните наслаги.

ДО 12 ЧАСОТ

Се јаде само свежо овошје, во неограничени количини. Секако, обидете се да ги избегнете бананите и грозјето бидејќи содржат многу шеќер.

МЕЃУОБРОК

Свежа зелена салата со сок од лимон, разни видови свеж зеленчук, тост или двопек од интегрално брашно или супа од зеленчук.

РУЧЕК

Сок од свеж зеленчук, варен компир, варен спанаќ. Можете да изедете и мала количина немрсно и несолено сирење.

ВЕЧЕРА

Мешана салата од свеж зеленчук. Во салатата можете да додадете природни билни зачини како босилок, маслиново масло и лимон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button