Диети

Најдобрата диета за рамен стомак

Реклама
Реклама

Летото е на прагот и крајно време е да почнете да се подготвувате за настап во костим за капење!

ramen

Ви предлагаме диета со која ќе се ослободите од вишокот килограми, пред се во пределот на стомакот, и ќе добиете рамен стомак кој со гордост ќе го покажувате на плажа.

Маркетинг

Диетата за рамен стомак е извонредно популарна во светот и ја применуваат многу жени кои сакаат да се ослободат од вишокот маснотии на стомакот. Стомакот им задава проблеми на многу жени бидејќи диетите за слабеење често не помагаат да се добие рамен стомак. Многу слаби жени имаат стомаче од кое никако не можат да се ослободат. Вистината е дека за рамен стомак, освен правилна диета, МОРА да се применуваат и соодветни вежби. Освен топењето на маснотиите на стомакот, оваа диета, во комбинација со соодветни вежби помага при формирањето на стомачните мускули. Вежбањето е задолжително ако сакате да се ослободите од стомакот. Мускулите спречуваат настанување на нови количини на маснотии, така што ќе можете полесно да ја одржувате тежината и со повеќе храна, по завршувањето на диетата. 

Маркетинг

Диетата вклучува пет или шест оброци дневно, секако во многу помали количини од вообичаените. Целта е да се внесува доволно храна да се елиминира гладта и да се забрза метаболизмот.

Диетата е многу лесна и едноставна, нема досадно броење калории, мерење грамови, следење на планови на исхрана и сл. Треба строго да се придржувате на неа во тек на шест недели. За време на диетата секој ден задолжително се пие најмалку 8 чаши вода и една-две чаши зелен чај. Нема определени количини на храната која може да се конзумира, но треба да се јаде умерено, без претерување.

Во текот шесте недели на диетата дозволено е да се конзумираат следниве намирници: бадеми, грав, грашок, зелен зеленчук, млеко и млечни производи со ниска масленост, овесни снегулки без шеќер, јајца, немрсно месо (пилешко, мисиркино, телешко, јунешко, риба), путер од кикиритки, маслиново масло, интегрален или ржен леб, сурутка, бобинки, јаболка, авокадо, банани, интегрален ориз, сокови без шеќер, печурки, лубеница, диња, портокали, домати, пиперки, пуканки, морски плодови, школки, лигњи, октопод.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button