Диети

Седмодневна диета со грав

Реклама
Реклама

Гравот е богат со протеини, со витамини Б, Ц, Е и ПП, потоа со минерали: калциум, фосфор, бакар, цинк, железо, како и со аминокиселини: триптофан, лизин, аргинин, тирозин и метионин.

Маркетинг

Гравот ја спречува благата авитаминоза, карактеристична за поладниот дел од годината. Помага подобро да функционираат јетрата и жолчното кесе и претставува вистински „чистач“ на организмот. Гравот исто така го зајакнува кардиоваскуларниот систем и го подобрува изгледот на кожата.

Се препорачува по завршувањето на диетата уште неколку дена да се јаде грав како главно јадење и да се намали конзумирањето на леб и благо. За време на диетата треба да се пијат многу течности, најдобро вода, и целосно да се исклучат шеќерот и солта. Секоја вечер, пред спиење, треба да се испие 1 чаша јогурт со ниска масленост или кефир!

Со диетата со грав може лесно и едноставно да се изгубат 3 – 5 килограми за 7 дена. Резултатите ќе почнат да се забележуваат уште по првите 3 дена.

Маркетинг

Треба доследно да се придржувате до пропишаната храна. Гравот се вари густ, со многу малку масло, и пожелно без запршка, со зачини по вкус.

Распоред на оброците

Ден 1
Појадок: 1 чаша немасен јогурт, 1 парче интегрален леб и 50 g тврд кашкавал
Ужина: 100 g овошје (кое било)
Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, топла лимонада или чај без шеќер
Вечера: исто како и ручекот

Ден 2
Појадок: 100 g младо сирење, кафе или чај без шеќер
Ужина: 100 g овошје (кое било)
Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 g свеж сок од јаболка или чај без шеќер
Вечера: исто како и за ручек + 100 g која било варена или печена риба

Ден 3
Појадок: 1 чаша немасен јогурт или кефир, 1 парче интегрален леб и 50 g тврд кашкавал
Ужина: 100 g овошје (кое било)
Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 g свеж сок од јаболка или чај без шеќер
Вечера: исто како и за ручек + 1 чаша сок од домати
 
Ден 4
Појадок: 100 g младо сирење, кафе или чај без шеќер 
Ужина: 100 g овошје (кое било)
Ручек: 100 g варен грав, салата од моркови и јаболка со 1 лажичка мед
Вечера: 100 g варени или печени пилешки гради, 50 g варен ориз, кафе или чај без шеќер 

Ден 5
Појадок: 100 g младо сирење или 100 ml јогурт, кафе или чај без шеќер 
Ужина: 100 g овошје (кое било)
Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 g свеж сок од јаболка или чај без шеќер
Вечера: исто како и за ручек + 2 варени или печени компири и 1 чаша сок од домати

Ден 6
Појадок: 50 g тврд кашкавал, 1 парче интегрален леб
Ужина: 1 чаша кефир или немасен јогурт
Ручек: 100 g младо сирење, салата од мешан зеленчук, лимонада или чај без шеќер
Вечера: 200 g варен грав, 150 g овошје по избор

Ден 7
Појадок: 100 g младо сирење или 100 ml јогурт, кафе или чај без шеќер
Ужина: 100 g овошје (кое било)
Ручек: 100 g варен грав, варен зеленчук по избор или голема салата од зеленчук, 100 gr свеж сок од јаболка или чај без шеќер
Вечера: супа од зеленчук, 100 g варен грав, 1 чаша топла лимонада

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button